Почетна / Сапуници / Малиот Осман oд вечерва се враќа како малиот ага во нова серија на Сител

Малиот Осман oд вечерва се враќа како малиот ага во нова серија на Сител

 

“Малиот ага” – турскиот мегахит од вечерва на Сител телевизија

 

Вечерва, веднаш по завршување на најгледаната серија во Македонија – “Збогум Румелија” започнува нова турска серија која Сител телевизија премиерно ја носи во цел регион. Се работи за семејната комедија “Малиот ага” која минатава недела заврши со емитување во Турција. Во главната улога настапува Емер Синчиди, познат на македонската улога како малиот Осман од “Бурни времиња”.

 

 

Содржина:

Младите Синем и Али решаваат да се разведат по десет години поминати во брак, во кој го добиле и синчето Мехмет Џан. Синем е убава и паметна девојка кoja работи како невролог во една приватна клиника и не е свесна за вниманието кое го добива од машкиот пол, а пак Али работи во една маркетинг агенција на многу успешни проекти. Но двајцата често влегуваат во расправии и дошло време кога одлучуваат дека не сакаат да бидат повеќе заедно, но таа одлука изгледа не може да биде само нивна.

 

Нивното шестгодишно синче не може да се помири со разделбата на неговите родители и на секаков можен начин ќе се обиде да ги спречи во тоа. Тој е едно палаво дете, кое не прави само бељи во домот, туку и на училиште и на улицата на која си игра со другите деца. Мехмет не може да го сфати и прифати разводот, па така мајката и таткото ќе бидат приморани да му објаснуваат или да се преправаат пред него. Со детскиот и чист поглед кон светот, малиот ага ќе ја користи секоја прилика да ги зближи повторно своите родители, а тука се и семејствата на Синем и Али кои ќе мора да интервенираат во оваа ситуација.

 

Улоги: Birce Akalay (Синем), Sarp Levendoğlu (Али), Emir Berke Zincidi (Мехмет Џан)

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!