Не можејки да се помири дека нејзиниот син го обвинил својот брат за злосторство, Саграрио беше решена да се соочи со Ектор во неговата канцеларија. Кога влезе во просторијата, ја затекна Јулиса во прегратката на својот постар син. Полна со горчина, пријде до Јулиса и и замавна силна шлаканица.
– Но, зошто?, – збунето праша Јулиса, држејки ја страната на лицето.
– Додека мојот син Тристан е во затвор, ти го користиш времето за да го заведеш Ектор Фалкон!
– Дојдов кај инжењерот да го замолам да го извади Тристан од затвор…
– Сега знам зошто Тристан е во затвор! Ти си несреќата во неговиот живот. Ти си црна сенка која носи смрт и несреќи, Јулиса Ромеро! Тргни се од животот на мојот син! Ти забранувам да се гледаш со него!
Јулиса со солзи во очите се упати кон вратата, кога Ектор појде по неа.
– Чекај!
– Остави ја!, – Саграрио бесно му се обрати. – Или оваа жена ти е поважна од твојот брат? На Тристан му е потребна твојата помош. Но ти порадо би да ја добиеш неговата девојка.
– Јулиса е тука за него, не е за мене.
– Оваа жена си игра со најсветото нешто што го има, а тоа се моите синови. Да бидеш проклета Јулиса Ромеро! Те проколнувам!
Јулиса истрча од канцеларијата на инжињерот. Дури ни инсистирањата на Ектор не ја задржаа под ист кров со огорчената мајка.
– Погледни ме, Сантијаго, – по долго време, Саграрио му се обрати на својот син по неговото право име. – Можеби некој друг направи да бидеш денес она што си, но јас, твојата мајка те направи човек, човек кој треба да ги знае и да ги процени вистинските вредности на животот. Можеби сега се срамиш од мене и твојот брат, но ние сме ти единствената фамилја која ја имаш. Потребен си му на Тристан повеќе од било кога.
– Ти ветувам дека ќе сторам се што е во моја моќ да го извадам Тристан од затвор…Но, мене ми се допаѓа Јулиса.
– Таа несреќничка е девојка на твојот брат.
– Љубовта не знае за граници. Ќе се борам за неа како прав маж.
– Немој, Сантијаго. Ти си учен и успешен млад маж. Не ти треба девојка како Јулиса. Држи се на страна од неа. Таа девојка, како и нејзината мајка носи само солзи и несреќа.
– Не верувам во такви бесмислици. Прости ми но сега имам работа.
Откако Саграрио замина, Eктор го пребара својот телефонски именик и го најде бројот на Саломон Алкантар, негов колега од студенските денови и еден од најдобрите млади адвокати во престолнината.
– Саломон, пријателе. Ектор Ферер. Те барам приватно бидејки ми треба твојата стручна помош. Кога најскоро можеш да седнеш во авион и да дојдеш во Табаско? На моја сметка.
Ектор беше изморен. Разговорот со негоовата мајка и посетата на Јулиса предизвика бура од емоции во него. Го измачуваше љубовта кон својата фамилија и должноста кон дон Вадо. Со години беше вон својот дом за да ги исполни очекувањата на дон Вадо и денес да биде на позицијата која што долго ја соуваше. Сега кога имаше пари за да им помогне финансиски на своите, неговиот брат се наоѓаше во затвор.
Без тропање, во неговата канцеларија влезе дон Вадо, прекинувајки го во мислите.
– Мислев дека Јулиса е тука. Трансито ми кажа дека ја видела…
– Јулсиа замина пред малку.
– Не заборавај што ти кажав дека сакам да ја заведеш таа девојка, Ектор.
– Не бери гајле. Веќе и влегувам под кожа. За помалку од кратко, Јулиса Ромеро ќе биде само моја. Уште да ја убедам да го остави рудникот и да дојде да работи за мене…
– Сеедно ми е каде работи, – одлучно рече дон Вадо. – Сакам да ја доведеш таа девојка во нашата куќа. Освои ја и направи ја своја жена!
Целото време, Јулсиа го минуваше размислувајки како да му помогне на саканиот Тристан. Нејзината најголема утеха во те моменти беше нејзината мајка. Магдалена ја совеуваше девојката да биде силна и да верува во правдината. Од друга страна пак, Јулиса не можеше да разбере зошто Саграрио, мајката на Тристан е таква со неа
Следното утро, го посети Тристан во келијата. Не можеше да ги задржи созлите кога го виде зад решетки. Тристан ја молеше да биде силна и го држеше лицето со своите силни раце обидвајки се да ја охрабри.
– Те љубам, Тристан, – му прошепоте.
– И јас те љубам, Јулиса.
Си ги подадоа усните страсно еден на друг преку челичните решетки. Сведок на страсниот бакнеж беше Ектор кој дојде да го посети својот брат.
– Извинете што ве прекинувам, – рече приоѓајки им.
– Што бараш ти овде?, – дрско го праша Тристан. – Дојде да се ситиш, да видиш во каква состојба сум?
– Не дојдов да се распраам, Тристан. Дојдов да ти ја понудам мојата помош.
– Не ти верувам! Ти ме намести, и ја постави оваа замка за да бидеш со Јулиса!
– Не зборувај така, Тристан, – го замоли неговата девојка.
– Јулиса, те молам остави ме насамо со Трисатн, сакам да зборувам со него.
По молбата на Ектор, Јулиса ги остави браќата сами. Веруваше дека Ектор сака да му помогне, но стравуваше дека гордоста на Тристан нема да го дозволи тоа.
– Симни ја маската, Сантијаго, – му се обрати Тристан кога останаа сами. – Заврши карнвалот. Сега сме сами, само јас и ти. Очи во очи. Држи се настрана од Јулиса, Сантијаго. Тоа што сум во затвор не ја прави помалку моја
– Заштети си ја силата, Тристан за она што допрва те чека.
– Нема да дозволам да се искупуваш за своите гревови преку мене! Никогаш нема да заборавам дека поради твојата надменост и желба да се докажеш, еден вреден и чесен човек како Мелчор Рентеира го загуби животот. За на крајот мене да ме обвиниш за таа смрт.
– Јас не сум те обвинил за ништо.
– Го ставив животот во опасност за да го спасам Мелочр. Ти си единствениот виновник за неговата смрт!
– Не дојдов тука по моја воља. Дојдов бидејки нашата мајка ме замоли да ти помогнам. И покрај си, ти си ми крв…ти си ми брат.
– Не постојат браќа со различно презиме. Јас сум Фуего, ти си Фалкон, – огорчено му одговори Тристан. – Штета што не си вистински син на Вадо Фалкон. Немаше сега да имаш комплекс од минатото од кое се срамиш.
– Дојдов со најдобри намери. Доколку не ти треба мојата помош, скапи тука.
– Не ми требаш ти ни твојата помош. И те предупредувам за последен пат. Држи се настрана од мојата мајка и од Јулиса.
Кога Јулиса и Ектор заминаа, затворениците беа повикани на појадок во големата сала. Од сите тешкотии во затворот, на Тристан најлошо му падна да се навикне на лошата храна.
– Ова не се јаде, – забележа гласно пред останатите затвореници на масата.
– Ќе се навикнеш со време, – го тешеше еден од затворениците.
– Нема да останам долго за да се навикнам.
– Сите го велат тоа. Сите се невини. Но ако немаш среќа и пари, ќе скапеш овде.
Тристан забележа дека еден од затворениците постојано го држи на око. Забележа како му приоаѓа и намерно ја истури храната врз Тристан за да предизвика реакција. Тистиан изрипа од масата а останатите затвореници брзо се насобраа и почнаа да навиваат за борбата. Набрзо чуварите дотрчаа и ги разделија.
– Те имам на око, Тристан Фуего. Не заборавај, – го предупреди затвореникот.
Веднаш по препреката, Тристан беше вратен назад во својата келија. Беше немирен и имаше лошо претчуство. Набрзо осети чекори. Еден од чуварите влезе во неговата келија заедно со затвореникот кој беше познат под името Ратас.
– Ти дојде крајот, Тристан Фуего, – низ цинична намсевка проговори Ратас вадејки остар нож од појасот.
– Бори се без оружје ако си маж.
Нивните тела за кратко се претворја во испреплетена клопка. Ратас беше силен но не очекуваше дека и Тристан има сила за борба. Тристан успеа да мо турне ножот од рацете на својот противник. Останатите затвореници почнаа да дивеат по своите келии. Настана хаварија и дотрчаа дргите чувари. Чуварот кој му помогна на Ратас да влезе во келијата ги раздели затворениците и повторно го затвори Тристан во келијата.
Тристан седна на подот, изморен и исплашен дека фалеше малку за да биде прободен и да го загуби животот.
– Биди внимателен, убавецу, – слушна нечиј глас од соседната келија. Поради ѕидот кој ги делеше не знаеше кој му се обраќа.
– Кој е таму?
– Не е важно. Мораш да бидеш внимателен. Те сакаат мртов. Ратас зборуваше со еден господин со кравата кој го посети утрово…Му даде наредба и го плати за да те убие.
– Кој е тој човек со кој зборвал Ратас?
– Не знам. Чуварот е исто поткупен. Држи, – преку решетките му го дофрли ножот кој се загуби за време на борбата. – Ножот овде е како пасош за живот, убавецу.
Тристан го зеде ножот и не можеше да престане да размислува кој сака да го убие.
– Господин со кравата, – помисли гласно. – Белки не си паднал толку ниско, Сантијаго. Ти не си убиец брате.