Сител телевизија нападната од марсовец, од толку места тој најде токму таму да се појави?
Денеска е 1-ви април, најзабавниот ден во годината, сите се обидуваме на некој начин да ги насмееме луѓето па така и водителот Александар Блажевски.
Имено, утрово на дневен ред во емисијата „Ја сакам Македонија“ беше темата ‘Кој политичар најмногу лаже’, а домаќинот гледачите ги пречека облечен во костим на марсовец.
Кој политичар најмногу лаже никогаш нема да дознаеме, бидејќи тие секојдневно се натпреваруваат кој да биде подобар во таа дисциплина, така да резултатот постојано варира.
Убавата водителка Јована Стојменовиќ беше маскирана како вештерка.