Нова балада на Дарко Илиевски
Младиот македонски пејач Дарко Илиевски промовираше нова песна, создадена од тимот со кој постојано соработува – Лазар и Магдалена Цветковска. Песната “Никој како ти” е најава за нов албум на пејачот, кој се подготвува периодов.
– Оваа песна ми е една од најискрените песни што сум ги отпеал досега и верувам дека и публиката ќе ја доживее на ваков искрен начин. Целта ми е да допрам до луѓето кои се силно вљубени и немаат никакви предрасуди да ја споделат, односно да ја признаат љубовта. Во песната се вели- знај ти си причина јас што се будам секој ден. Ова доволно кажува колку е силна љубовната порака во песната – вели Дарко.
Дани | ТВ Пакет