Дамијана немаше што да загуби. Мораше да го заврши започнатото. Се заврте кон Ектор.
– Виновен си колку што сум и јас за она што се случи. Никогаш не одлучував сама. Се што направив беше со твоја согласност. Платив кауција за Тристан Фуего бидејки ти тврдеше дека е невин.
– Во право си Дамијана. Стојам зад тоа дека Тристан е невин за случувањето со печката и смртта на Мелчор Рентеира. Тоа веќе и му го кажав на твојот вујко. Точно е дека се правевме заедно бидејки сметав дека сме тим. Тоа ви е белки јасно, дон Вадо?
– Да, но сакав да видам до каде може да оди оваа ламја. Се лажеш ако мислиш дека со интриги ќе му наштетиш на Ектор. Разочаран сум од тебе, Дамијана. Собери си ги своте партали и замини од мојава куќа!
– Дон Вадо, бидете разумен, – се замеша Ектор кој не сакаше да дозволи Дамијана да биде на улица. – Како можете да ја исфрлите ќерката на вашата родена сестра?
– Јас сум газда во оваа куќа и јас одлучувам – беше одлучен дон Вадо.
– Не знам колку е вистинско време. Вашата сестра, доња Ребека не се чувствува добро…
– Таква е Ребека. Секогаш и се лоши, има напади на мигрена…
– Таква е бидејки не може да живее со монструм како тебе!, – гневно извика Дамијана и истрча кон куќата.
– Размислете дон Вадо, – повторно го посоветува Ектор кога останаа на само.
Со нервозни покрети, придруван на својот стап, Вадо се искачи по скалите кон собата на својата сестра за која му беше речено дека не е во добра здравствена состојба.
– Излези, Саграрио, – и нареди на слугинката. – Сакам да зборувам со Ребека.
– Да, дон Вадо, – послушно рече готвачката и излезе од собата.
– Слушнав за твојот нов напад на мигрена, Ребека. Дали истиот има врска со мојата одлука да ја истерам твојата ќерка од мојата фирма?
– Избрзано донесуваш заклучоци, Вадо. Дамијана…
– Дамијана, твојата неблагодарна ќерка е предавник кој ми работел зад грб цело ова време. Ти најдобро знаеш како завршуваат оние кои ќе ме предадат, Ребека.
– Вадо…
– Ни збор повеќе. Тоа што те трпам тебе во мојата куќа не ти дава за право да бараш да имам милост и за твојата ќерка! Не паѓам веќе на тоите провокации, сестро. Цел живот се влечеш со тие напади на мигрена со цел да предизвикаш сожалување кај мене. Ова да ти е последен пат да се вадиш на твоите главоболки, – додаде немилосрдно. – Земи ги своите таблети, кислородот со кои вегитираш…земи се што и треба бидејки денес ти и твојата ќерка заминувате од мојата куќа!
Три дена како што Јулиса го немаше видено Тристан. Од онаа вечер кога се разделија, повеќе не слушна нишо за него. Додека за таа болна тема зборуваше со својата пријателка Кристела во пансионот, ги прекина Магдалена, известувајки ја сојата ќерка дека Тристан ја чека во холот. Јулиса почувствува како срцето забрзано и бие во градите. Стоеше пред неа и сакаше да му се фрли во прегратка, да го почувствува неговиот врел здив, да биде негова, но сепак се воздржа и достоинствено го поздрави.
– Здраво.
– Здраво, Јулиса. Дојдов, иако ми беше многу тешко да го сторам тоа.
– Ако ти било тешко да дојдеш и да ме видиш, тогаш што бараш овде?
– Сакав да те видам, – одговори гледајки ја во очи.
– Откако ме остави?
– Те оставив иако не можам да живеам без тебе. Те оставив за да бидеш слобдна да отрчаш кај Ектор Фалкон.
– Ти си луд, – очите на Јулиса се полнеа со солзи додека ги слушаше овие зборови. – Љубомората те заслепува. Те жалам, но…Мислам дека оваа врска не може да опстане, – додаде со тешко срце.
– Не може да опстане? Тоа е се што имаш да ми кажеш?
– Очигледно не ме познаваш доволно добро. Ниту јас те познавам тебе. Заборави ме, Тристан. Заборави на моето име, заборави на оваа адреса…Како да не постојам…
– Не дојдов овде за да ме истераш од својот живот, Јулиса. Тука сум бидејки те љубам. Не можам да живеам без тебе, разбери. Овие три дена беа агонија.
– Јас не можам да живеам со некој што не ме разбира, некој што е толку љубоморен…
Откако Јулиса и Тристан го окончаа разговорот, младиот човек го напушти пансионот. На тремот наиде на Магдалена. Жената наметна пончо околу себе бидејки ноќта беше свежа и го покани Тристан на мате во задниот двор, каде што можеа да зборуваат насамо.
– Не знам што да мислам, доња Магдалена. Изгубен сум.
– Ја познавам Јулиса како својата дланка. Иако не сум ја родила, ја израснав и одгледав во чесна девојка. Не дозволувај љубомората да ја уништи вашата убава врска, момче. Погледот на Јулиса е искрен и не лаже. Нејзините гестикулации, нејзината насмевка, нејзините очи се смеат кога зборува за тебе.
– Знам дека ме љуби.
– Тогаш бори се за неа. Бори се, сине. Врскте се градат рушејки бариери, со стекнување на доверба…Најважно од се. Со доверба. Најлесно е да ставиш крај на нешто. Но, тогаш остануваш празен.
Дон Вадо се заколна дека ќе ја уништи фамилијата на Тристан Фуего и дека ќе го има ништожникот во свои раце. Во меѓувреме, уживаше во помислата дека денес ќе го соочи Ектор со неговата мајка кој имаше за цел да ја навредува и понижува пред присуството на синот. Тоа ќе биде добар тест за да се види дали Ектор е сентиментално врзан за својата фамилија или не, помисли Вадо.
Беше време за ручек и сите седеа во големата пространа трпезарија во Ла Дорада.
– За оваа прилика, нашата нова готвачка ни подготви специјален ручек, – најави свечено погледнувајки во Ектор од својата десна страна. – Саграрио, те молам почни да ја сервираш храната!
На вратата од трпезаријата стоеше Саграрио во униформа на готвачка. Во раката држеше послужавник со предјадење кое го послужи на присутните. Хосефина и помагаше во сервирањето. Дон Вадо внимателно го гледаше секој покрет на Ектор.
– Саграрио, дали го знаеш мојот штитеник, Ектор?
Готвачката само немо кимна со главата. И самата помисла дека го служи својот роден сим правеше да и треперат рацете.
– Како сте, инжењеру?
– Добро, госпоѓо Саграрио.
Возбудена, Саграрио ја зеде чинијата на Ектор но не можеше да престане да го гледа. Беше израснат во преубав мад маж. Кога замина од дома беше младо, слабо момче. А сега беше ценет инжењер. Вадо внимателно ја следеше ситуацијата. Рацете на Саграрио трепереа. Во еден миг дури ја испушти чинијата со супа врз масата.
– Простачке!, – извика дон Вадо по неа.
– Извинете, веднаш ќе исчистам.
– Трапава!, – дон Вадо не престануваше да ја навредува.
– Не е ништо страшно, – ја бранеше Ектор. – Самиот ќе исчистам, – додаде земајки ја крпата да ја собере течноста потурена по неговото одело.
– Остави, Саграрио ќе исчисти! Затоа и ја плаќаме послугата. Види, ги посипала и моите нови чевли. Исчисти ми ги чевлите, Саграрио., пред да остане дамка.
Готвачката клекна на колена и со крпата почна да ги брише чевлите на Вадо.
– Доволно беше!, – извика Ектор, кој не можеше повеќе да го трпи ваквото понижување кон неговата мајка.
– Зошто таква реакција, Ектор? Саграрио е платена да чисти. Овде е да ми служи, мене и на тебе.
– Ова што и го правите е понижување. Ве молам, станете, госпоѓо…
– Не ми е никакво понижување, само си ја работам својата работа, инжењеру. Како што рече дон Вадо, платена сум за тоа.
– Во овој град повеќе не може да се најде ни добра послуга, – немаше крај на зајадливите коментари на дон Вадо.
– Престанете, дон Вадо!
– Зошто вака реагираш, Ектор? Саграрио си ја работи својата работа.
– Сагаририо е платена да готви, и нејзиното место е во кујната, не овде да служи. Сагарио, ве молам повлечете се.
Воздржувајки ги солзите да не пролеат, Саграрио истрча кон кујната.
По посетата кај Јулиса, Тристан го довозе својот автомобил пред вилата на Вадо Фалкон. Сакаше на сите да им покаже дека е спремен да се бори со сите сили за саканата жена. Сакаше отворено да зборува со својот брат кој живееше меѓу тој луксуз на пространата вила. Храбро заѕвоне на влезната врата. Му отвори Хосефина и го прими во холот.
– Остави, Хосефина, јас ќе превземам, – рече Матакан, кој на излегуање го забележа рударот. – Што бараш ти овде, Фуего?, – го праша дрско.
– Дојдов да зборувам со Ектор Фалкон.
– Инжењерот Фалкон не прима работници во својот дом, а уште помалку поранешни работници. Освен тоа, во моментов инжењерот вечера, а во оваа куќа тој чин е свет.
– Не ми е проблем да го почекам да заврши со вечерата, – додаде Тристан, решен да не се откаже така лесно.
– Како сакаш, – рече Матакан и се упати кон трпезаријата.
Додека Тристан трпеливо чекаше во холот, гледајки го сиот раскош кои се простираше околу него во вилата, по мермерните скали слезе Дамијана. Кога го здогледа Тристан потрча кон него.
– Тристан, мојата мајка…
– Што се случило, госпоѓице?
– Мојата мајка ги испила сите таблети од шишенцето. Не е добро. Се плашам.
Во меѓувреме, Матакан веќе беше во трпезаријата.
– Рударот Тристан Фуего го бара инжењерот. Дали да го известам дека не можете да зборувате со него?
Дон Вадо ликуваше. Фамилијата Фуего беше под неговиот кров. Вака интересна вечер ни самиот не можеше да исценира.
– Речи му дека за кратко ќе го примам, Матакан, – одговори Ектор.
– Дали знаеш дека рударот е син на нашата готвачка Саграрио?, – дон Вадо го праша својот штитеник откако Матакан ја напушти трпезаријата.
Дон Вадо ја прати слугинката по готвачката во кујната. По кратко, Саграрио се врати назад во трпезаријата.
– Саграрио, дали знаеш дека твојот син Тристан е во куќава?
– Мојот син?
– Да, дошол да разговара со Ектор. Не знаев дека мојот шитеник е близок со синот на готвачката, – зајадливите коментари на дон Вадо немаа крај.
– Ќе одам да зборувам со него, – рече Ектор па стана од масата.
– Застани Ектор, – го сопре дон Вадо. – Слушнав дека Саграрио има два сина. Сега ќе имам чест да го запознаам едниот од нив. Синот на нашата ценета готвачка. Откако ќе го запознаам Тристан ќе ми остане уште да го запознаам првороодениот син, Сантијаго. Останете овде, јас ќе го доведам Тристан, – рече дон Вадо и излезе од трпезаријата.