– Ништо нема меѓу нас, – се побуни Тристан на нападите од страна на дон Вадо.
– Ја познавам мојата внука, рудару. Дамијана не прави услуги. Сигурен сум дека сака нешто од тебе.
– Да, само сакав да ја поправам грешката која сите ние му ја нанесовме на Тристан, – се изјасни младата жена. – Затоа платив кауција.
– Ако некој му нанесе неправда тоа беше ти, – продолжи да ја обвинува до Вадо. – Ти си таа која собираше докази за да го обвиниш за саботажа. Искрено, разочаран сум од тебе. Верував дека си амбициозна, дека имаш големи планови за себе, но сега гледам дека и ти ќе завршиш со питач како мајка ти.
– Нема да дозволам да ме навредувате дон Вадо, – извика Тристан, познат по непредвидливиот карактер. – Можете да ме нарекувате рудар, питач или што и да сум за вас, но пред се сум човек. Нешто што вие никогаш не сте биле ниту ќе бидете! Ја користите својата моќ и пари и ги третирате блиските како животни.
– Не го губи времето, Тристан. Мојот вујко е нем на клеветите кон него, ниту ќе направи било што за да го промени неговото деспотско однесување.
Дон Вадо цинично се насмевна и почна гласно да аплаудира во болничкиот хол.
– Браво! Вие двајцата сте создадени еден за друг. Имате исти корени. Двајцата сте деца на пропалици!
– Ти најде да зборуваш за пропалици?, – дрско го праша Дамијана. – Не заборавај од каде доаѓа твојот омилен штитеник, вујче.
– Ектор е поинаков. Ектор е амбициозен. Затоа и вложив во него.
– Сега разбирам од каде толку неразбирање околу вас, – додаде Тристан. – Толку злобен човек како вас никој никогаш не може вистински да го почитува. Сигурен сум дека и вашите штитеници не ве почитуваат, само ви се плашат. Но знаете што? Ви простувам. Ви простувам за неправдата која ми ја нанесовте, ви простувам што ме затворивте и сакавте да ме лишите од живот. Можеби сум рудар и простак како што велите, но имам нешто што вие никогаш нема да го имате – мојата чест. А сега, госпоѓице Дамијана, извинете ме, но моетое место не е овде повеќе. Ве оставам со фамилијата, – додаде ирочнично пред да го напушти болничкиот хол.
Тој ден Антолин Варгас ги дочека своите пет минути слава. Канцеларијата на Дамијана беше негова како и нејзината работна позиција. Ја повика Траснито да му помогне да ги извади работите на Дамијана од канцеларијата и да го ликвидираат секој чекор дека таа некогаш била тука.
– Од денес ќе бидеш и моја секретарка, Транисито. Нема повеќе хистерични напади и изливи на бес како кај Дамијана.
– Госпоѓице Дамијана секогаш била љубезна кон мене, господине Варгас.
– Дали сакаш да кажеш дека ќе ти недостасува, Трансито? Јас сум навреден. Не сакаша да работиш за мене?
– Не го реков тоа господине. Секако дека ќе работам за вас. Ќе бидам бескрајно предана и верна.
– Внимавај, Трансито. Ако дознаам дека матиш нешто со Дамијана, пред да трепнеш како партал ќе одлеташ на улица.
– Секако дека нема, господине Варгас. Сега извинете ме, но ако тоа е се, би се вратила на моето биро.
Откако Трансито излезе од канцеларијата, Антолин пријде до мини барот и наточи чашка виски. Седна на кожната фотеља и се заврте кон прозорецот кој нудеше панорамски поглед кон градот.
– Првиот чекор е успешно завршен, – помисли за себе. – Следно што ќе го остварам е заземање на позицијата на Ектор. Да наздравиме за тоа, – се намсевна пакосно и ја подигна чашката со пијалок.
Откако ја напушти болницата, Тристан се упати кон пансионот на Магдалена. Имаше силна потреба да ја види Јулиса. Пред пансионот, Хосе Фрихол со другарчињата играше фудбал. Момченцето се израдува кога го виде Тристан и го покани да игра со нив. Тристан се согласи да фрли неколку топки на кратко. Момчињата беа воодушевени од неговите фудбалски вештини. Кога на крајот Тристан се повлече од теренот, Хосе Фрихол се упати со него кон куќата.
– Дали ти и Јулиса ќе бидете повторно заедно?, – го праша отворено.
– Не знам да ти кажам, Хосе Фрихол. Се надевам.
– Утрово Јулиса прими скапи подароци.
– Какви подароци?
– Долг фустан и дијамантски гердан.
Тристан пожолте од завист. Потрча кон куќата да види дали има вистина тоа што го зборуваше малиот палавко. Јулиса и Кристела ги менуваа вазите со цвеќе кога како бесен бик влезе Тристан. Кутијата со сатенска трака стоеше на тоалетната масичка.
– Дали ова е твојата венаница, Јулиса? Претпоставувам дека е од најсакпиот бутик и дека одлично ти прилега! Се надевам дека ќе ми пратиш покана?
– Тристан, не знам за што зборуваш…
– Те молам, Јулиса. Не ме прави прост! Кога е венчавката со Фалкон?
– Со Фалкон? Ти си полудел! Тотално си полудел, Тристан! Од каде таа идеја дека ќе се омажам за Ектор?
– Хосе Фрихол ми кажа дека ти донеле долг фустан и дијамантски гердан. Венчаница претпоставувам. Не си ништо поинаква од другите девојки кои ги знам. Дозволуваш да бидеш купена за пари. Ја продаде својата чест!
Силна шлаканица одекана во холот на пансионот. Јулиса не можеше да ги трпи навредите.
– Ова е последен пат како што ме навредуваш, Тристан!
– Како не ти е срам?, – се замеша и Кристела. – Како можеш да ја измачуваш со своите сомнежи и љубомора? Ако имаш нерешени сметки, разреши ги со Ектор Фалкон, не со мојата пријателка.
– Не можам да поверувам дека ми го правиш ова, – Јулиса повеќе не можеше да ги задржи солзите. – Кога те видов прв пат и кога те запознав подобро сфатив дека сме еден за друг, дека делиме исти животни амбиции, сфатив дека те љубам. Сега гледам колку сум била слепа и колку се лажев себе. Ист си како и сите други,- додаде со горчина во гласот.
– Не сум ист како него, – иронично и дофрли тој. – Немам пари, немам скапи автомобили, не ти купувам долги тоалети и дијамантски гердани. Ако тоа го сакаш јас нема да ти стојам на патот. Ќе го прифатам поразот. Но можеби ниту ти не си онаква каква што те замислував. Не си девојката во која се заљубив. Знам дека нема да биде лесно, но ќе те заборавам…, – додаде и се упати кон вратата.
Јулиса низ солзи истрча кон својата соба, додека Кристела потрча по Тристан. Го сретна во дворот.
– Почекај, Тристан. Сакам да зборувам со тебе.
– Не сакам да зборувам. Имам ноќна мора наречена Ектор Фалкон кој ми ги руши сите сни.
– Јулиса не ни помисли да ги прифати подароците. Тоа веднаш ни го стави до знаење. Јулиса те сака само тебе, – додаде Кристела надевајки се дека ќе всади барем малку надеж во затвореното срце на Тристан.
Кога по посетата на неговата сестра во болница, дон Вадо се врати во својата канцеларија, таму го чекаше Антолин.
– Имам вести за вас дон Вадо.
– Се надевам дека се убави.
Антолин немаше време да заобиколува.
– Дознав кој е адвокатот кој го брани случајот на Тристан Фуего. Се работи за еден млад адвокат, син на Родолфо Алкантар, еден од највлијателните адвокати во државата.
– Сум чул за него. Тоа е еден од оние адвокати кои се бора против корупцијата.
– Изгледа и син му е таков, – заклучи Антолин.
– Сакам да знам кој стои зад тоа. Тие адвокати се скапи а фамилијата на Фуего никако не може да си ги дозволи. Сакам да дознаеш што побрзо.
– Секако дон Вадо. Иако верувам дека многу наскоро Тристан Фуего ќе биде слободен човек.
– Јас нема да бидам мирен додека не го видам тој рудар мртов.
– Не знам колку е добра идеја во моментов, господине. Најдобро е да се смират страстите па да го убиеме.
– Јас одлучувам за тоа дали Тристан Фуего ќе живее или не!, – остро го прекина дон Вадо. – Тој е дрзок но интелигентен човек. Но, за сега го сакам жив. Го сакам жив за да гледам како моли за милост.
– Не знам што планирате дон Вадо, но не е паметно да го имате тој рудар во близина.
– Сакам да се врати назад во рудникот. Сакам да го имам на око. Да знам со кој се дружи, што зборува и дали знае за внукот на Мелчор.
– Секако дон Вадо. Ќе сторам се што барате од мене. Сакам да имате доверба во мене и би сакал да имам месо во вашиот живот како и Ектор.
– Тешко дека ќе дојдеш до Ектор, -отворено призна Вадо.
– Ќе дадам се од себе. Во меѓувреме, мојата мисија е да го најдам внукот на Мелчор Рентеира!