Почетна / Телевизија / Фантастичните браќа пекари со вкусот на Британија доаѓаат на TLC

Фантастичните браќа пекари со вкусот на Британија доаѓаат на TLC

 

Од вечерва во 20 часот на кабловскиот канал TLC

 

Том и Хенри Херберт ќе нè однесат на пат ширум Обединетото кралството со својата мобилна кујна. Со потрагата по најдобрата британска храна сакаат да покажат дека таа е вкусна, како би го растуриле митот за неа. Нивното готвење главно се одвива во природа, со што на гледачите им се дава поинаква перцепција околу тоа што сè може да се приготви на логорски оган.

 

 

Секоја епизода ги истражува локалните вкусови и го прикажува неверојатниот талент на Том и Хенри додека трансформираат сè што им е достапно, во гурманско јадење. Тие бараат инспирација на секоја локација која ја посетуваат во продуктите кои се типични за тој регион. Користат сирови состојки собрани од земја, река или море и од почеток до крај ги приготвуваат на отворено. Без разлика дали во прашање е лосос улловен во рекара Северн, или печено прасе, парот готвачи ќе го приготви на прилично уникатен начин.

 

 

Серијалот не би бил потполн доколку не постои добро познатото братско ривалство кое стапува на сцена на крајот од секоја епизода. Локалните жители на крај  ќе имаат можност да ја дегустираат храната и гласаат чие јадење било повкусно. Вечерва (15 април) започнува првата епизода.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!