Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #035 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #035 | ARDIENTE PASIÓN

 

Се беше подготвено за големата забава во вилата Дорада. Вадо со нетпрение го чекаше часот кога ќе ги отвори портите од својата вила. На таа забава сакаше јавно да ја објави веридбата на Ектор со Јулиса и да ја истера Дамијана од фабриката и куќата пред сите гости.

Од послугата побара да биде се на свое место во склад со важноста на забавата.

Матакан беше задолжен за обезбедувањето. Мистика беше одговорна за полсугата да  делува беспрекорно. Дон Вадо и нареди на Саграрио да служи заедно со послугата откако ќе ги заврши кујнските обврски.

Гостите беа едни од најважните и најмоќните луѓе во Табаско, а дон Вадо не сакаше грешки. На неколку часа пред почетокот на забавата, Мистика нервозно шеташе по куќата, наоѓајки и најситни замерки;

–          Оваа маса е ужас! Веднаш да се промени декорирањето на салатата. Што бара шише вино овде?

 

Во меѓувреме, Вадо го облече најскапиот костим кој го имаше и додека ја врзуваше вратоврската пред огледалото во својата соба, влезе неговата сестра.

–          Мора да си задоволен, сјаеш, – заклучи Ребека, гледајки го задоволното лице на Вадо.

–          Толку е очигледно?

–          Гостите ќе почнат да доаѓаат секој миг. Штотуку се слушнав со Дамијана. Доаѓа навака со Тристан Фуего, – незадоволно изјави Ребека.

–          Зошто толкава одбојност кон Тристан Фуего?, – иронично ја праша дон Вадо. – Треба да бидеш благодарна, тој човек ти го спаси животот…

–          Мојата ќерка залсужува многу повеќе од обичен рудар.

–          Истото го мислев и јас за тебе, Бекита, – цинично и префрли Вадо. – Но сите знаеме со кого побегна на крајот како крадец во ноќта.

Ребека немаше што да каже на тоа. Беше свесна дека до крајот на животот Вадо ќе и префрла што се омажи за тој човек.

Се слушна тропање на вратата, и по кратко влезе Матакан, дотеран и намирисан како што доликува.

–          Дон Вадо, пристигна инжењерот Фалкон.

–          Дали Јулиса Ромеро е со него?, – нетрпеливо праша Вадо.

 

Дамијана и Тристан штотуку пристигнаа на забавата во вилата. Дамијана уживаше гордо држејки го за рака најубавиот маж во градот, додека Тристан со поглед ја бараше Јулиса низ просторијата.

По кратко, Јулиса пристигна во вилата држејки го Ектор Фалкон под рака. Тристан почувствува како може да ја искрши кристалната чаша која ја држеше во раката кога ја здогледа. Изгледаше преубаво.

–          Јулиса, – ја повика приоѓајки и.

–          Каде одиш?, – го праша Дамијана, љубоморно задржувајки го крај себе.

Кога Ектор забележа дека Тристан сака да и пријде, ја повлече Јулиса кон себе.

–          Ајде да го поздравиме гувернерот, – предложи.

–          Се чувстувам непријатно помеѓу сите овие луѓе кои не ги познавам, – рече Јулиса.

–          Ова нема врска со луѓето кои не ги познаваш. Тоа го велиш поради Тристан, нели? Видов како се гледате кога влеговме, – – и префрли љубоморно.

–          Јас и Тристан повеќе не сме заедно, – се бранеше девојката.

Во еден миг, до нив двајца пријдоа Тристан и Дамијана.

Дамијана мораше да си признае дека Јулиса изгледа беспрекорно таа вечер, па зајадливо рече;

–          Фустанот и накитот се боженствени, драга. Совршен избор, Ектор. Брзо успеа да ја купиш бедничката. Како лесна курва.

–          Нема да дозволам да ги трпам вашите навреди!, – се бранеше Јулиса.

–          Остави не, Дамијана!, – и нареди Ектор. – Врати се кај твојот избраник.

–          Љубоморен?, – зајадливо го праша Дамијана.

–          Сега се ми е јасно, – се замеша Тристан. – Оваа забава е организирана во чест на елитата на Малиналко да се претстави новиот пар Ектор Фалкон и Јулиса!

–          Можеби дон Вадо сака да го претстави новиот избраник на својата внука, – на тоа иронично додаде Јулиса.

–          Извинете не, – бесно дофрли Тристан и ја повлече Јулиса кон терасата каде што можеа да зборуваат насамо.

–          Зошто не си искрена со мене, Јулиса?

–          Не знам што сакаш да ти кажам, Тристан?

–          Овој фустан не личи на тебе, а овој накит никогаш не би го носела ќерката на Магдалена!

–          Нема да ги трпам твоите навреди, Тристан. Пушти ме!

Се обиде да се врати назад на забавата, но Тристан ја држеше силно за половината.

–          Откако те запознав, чувствувам оган во срцето, Јулиса. Ајде да избегаме заедно. Да си одиме од оваа фарсантна забава каде што никој од нас двајцата не припаѓа!

Јулиса ги гледаше неговите преубави очи кои сјаеа како две ѕвезди во ноќта. Телата им беа толку близу што можеа еден на друг да си го почувствуваат срце биењето.

–          Јулиса!, – одекна гласот на Ектор. – Дон Вадо сака да те запознае.

Тристан ја пушти љубената од своите силни раце. Јулиса го поправи фустанот и рече;

–          Доаѓам.

–          Не оди те молам, – ја замоли Тристан. – Остани со мене, Јулиса.

–          Пушти ме!

–          Остави ја, Тристан!, – извика Ектор. – Да одиме, Јулиса. Дон Вадо чека.

 

Дон Вадо уживаше гледајки како луѓето се забавуваат, додека пиеше Перињон на врвот од скалите. Слушна дека некој му приоѓа, па ја забележа сојата сестра Ребека.

–          Зошто ја покани мојата ќерка, Вадо? Што сакаш од неа? Да ја повредиш?

–          Матакан, те замолувам тргни ја од мене оваа лудача!, – му нарди на својот чувар.

Матакан послушно пријде, ја дофати Ребека под рака  и ја одведе кон нејзината соба на катот.

–          Пушти ме, Матакан! Ќе сторам се што сакаш, Вадо. Ќе клекнам и на колена само немој да ја посрамотиш мојата ќерка! Ќе сторам се што сакаш само немој да ја повредиш, – го преколнуваше на сиот глас.

Дон Вад остана резервиран на молбита на неговата сестра. Меѓу толпата го забележа Ектор со еден млад човек, па им пријде.

–          Ектор…

–          Дон Вадо, дозволи ми да те запознаам со мојот верен пријател и најдобриот млад адвокат, Саломон Алкантар.

–          Мило ми е, дон Вадо.

–          И мене, момче. Но, каде е фамозната Јулиса, Ектор? Кога  ќе има чест да ја запознаам?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!