Почетна / МК Сцена / Балкански албум и рекламна кампања, тоа доби Каролина за роденден

Балкански албум и рекламна кампања, тоа доби Каролина за роденден

 

“Македонско девојче 2” од сега и во целиот регион

 

Денеска, 28 април е роденден на македонската ѕвезда Каролина Гочева. Токму на овој ден, Каролина и нејзината продукциска куќа Авалон објавија вест која претставува уште едно значајно скалило во животот и кариерата на пејачката. Ако досега своите албуми ги препејуваше на српски и како такви се пласираа на пазарот на екс ју земјите, од денеска тој пазар добива албум од Каролина, но на македонски јазик.

 

Албумот „Македонско девојче 2“ кој се здоби со невидена популарност во Македонија доби свое регионално издание преку водечката дискографска куќа Dallas Records и веќе може да се најде на музичкиот пазар на просторите на сите бивши ЈУ држави.
Прв сингл кој што веќе се врти по радиостаниците ширум Балканот е песната „Кој да ми запее“.

Dallas Records – е една од водечките дискографски куќи во регионот што со своите изданија рушеше рекорди во продажбата во изминатите 20 години, а албумите и изведувачите меѓу кои Џибони, Северина, Бајага и многу други еминентни музички имиња, освојуваа бројни награди. Dallas Records е основана уште во 1987 година и е ексклузивен застапник на ЕМИ која пак е издавач на светските музички великани, меѓу кои The Beatles, Queen, Kylie Minogue, Robbie Williams, Norah Jones, Lily Allen, Depeche Mode, Pet Shop Boys, Coldplay, David Bowie, Tina Turner и многу други.

 

Освен со промоција на албумот во екс Ју земјите, овој период Каролина е актуелна и со промовирање и снимање на кампања за Кожувчанка, чие заштитно лице стана неодамна.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!