Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #037 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #037 | ARDIENTE PASIÓN

 


Ноќта беше мирна и со полна месечина. Јулиса не уживаше во целата гужва која се одржуваше во куќата, па излезе на свеж воздух во градината. Пријде до мостот на малото езеро. Занесена, гледаајки како месечевата светлина се одразува во мирните езерски води, почувствува нечија сенка близу себе. Помисли дека е Ектор кој ја бара, но беше Трситан.

–          Само дојдов да се поздравам со тебе, – тивко и рече Тристан. – Моето место не е овде. Не меѓу оваа парада на суета. Ниту твоето место не е тука, Јулиса. Ајде со мене.

–          Зарем не треба да си одиш со дамата со која дојде?, – го праша иронично.

–          Јулиса, верувај, помеѓу мене и Дамијана нема ништо. Само сум и благодарен што плати кауција за мене.

–          Платила кауција бидејки и се допаѓаш!

–          И ти му се допаѓаш на Ектор! Погледни ме, Јулиса…Погледни ме!

Ја држеше цврсто за рацете барајки и го немирниот поглед.

–          Никогаш нема да се откажам од тебе! Никогаш нема да дозволам да му припаднеш на друг!  Ти не си ова, Јулиса. Ти не припаѓаш овде! Не ваква, во овој скап фустан кој не ти доликува, не со оваа шминка и накит кој и ги купил тој!

–          Ти најдобро знаеш зошто сум тука со Ектор. Имам мисија која му ја ветив на мојот дедо пред да почине. Ектор е единствената шанса за мене да влезам во оваа куќа и да бидам близу Вадо Фалкон.

–          Не заборавај дека и покрај се, јас сум подготвен да се борам за твојата љубов, Јулиса.

Ја држеше цврсто за половината додека зениците на очите им се ширеа од желба за другиот. Во ист миг се предадоа на жарта која ги привлекуваше, љубејки се страсно на мостот каде што само месечината беше сведок на силната привлечност меѓу двајцата.

 

Саграрио беше мирна. Тристан замина, или бар така таа мислеше и сега можеше слободно да ги извршува наредбите на дон Вадо, кој бараше од неа да служи, со изговор на недстаток на персонал. Со шампањ во рацете, пријде до Ектор и Саломон кој муабетеа.

–          Уште шампањ, господа?, – им понуди.

–          Не, благодарам, госпоѓо, – љубезно одговори Саломон.

–          Мамо, зошто ти служиш?, – шокирано ја праша Ектор.

–          Твојата мајка, Ектор?, – запрепастено го праша Саломон.

–          Тоа е долга приказна, Саломон. Те молам, побарај ја Јулиса и кажи и дека ми треба да е до мене.

Откако Саломон се одалечи, Ектор погледна во Саграрио, повлекувајки ја на страна.

–          Зошто служиш?

–          Дон Вадо го побара тоа од мене. Но, во ред е. Сега кога Тристан замина, немам проблем дека можам да бидам видена.

–          Врати се во кујната те молам. Нема да му дозвола на дон Вадо да те малтретира. Те молам оди.

Саграрио ја послуша молбата на својот постар син. Враќајки се кон кујната, наиде на еден келнер кој и делуваше познато. Беше Хосе Гвадалупе, пријателот и колегата на Тристан од рудникот.

–          Хосе Гвадалупе, што бараш т туука?, – го праша тивко.

–          Не можам сега да ти објаснувам, Саграрио, но тука сум заради мојата ќерка.

–          Капричо?

–          Да, Капричо е тука и морам да внимавам да не направи некоја нова лудост. По се што се предизвика во последно време…

–          Јас ќе се вратам во кујната во случај да не ме види Тристан. Те молам ако го видиш, не му кажувај дека работам тука.

–          Но зошто криеш од својот син, Саграрио?

–          Тристан никогаш нема да ми дозволи да работам во оваа куќа. Оди сега, те молам.

 

Енграсија изелезе на терасата. Капричо и ја краде ноќта. Очигледно Антолин уживаше повеќе во присуството на нејзината пријателка, отколку со неа. Стоеше во ноќта и пиеше шампањ кога од зад грб и пријде Матакан.

–          Што прави една толку убава дама сама?

–          Чека такси за да си оди.

–          Вашиот партнер очигледно не Ве третира со почит. Видов дека сте со Антолин.

–          Антолин е со Капричо… јас не знам ни зошто дојдов воопшто.

–          Ако не дојдевте немаше да се запознаеме. Јас сум Матакан. Зошто не го откажете вашето такси? Можеме да прошетаме па јас ќе ве вратам дома.

–          Не сум сигурна…

–          Иснистирам, – заводливо додаде Матакан, приближувајки и се.

 

Капричо излезе во градината да ја побара својата пријателка Јулиса. Веќе половина час како што беше во вилата и сеуште се немаа сретнато.  Меѓу редицата автомобили на пролазот, наиде на Саломон, кој исто така ја бараше Јулиса.

–          Извинете, госпоѓице, – и рече младиот адвокаткога ненамерно се судрија.

–          Не, извинете вие. Малку сум замаана. Ја барам мојата пријателка Јулиса.

–          Не ми зборувајте, – се намсевна Саломон. – Исто и јас ја барам вашата пријателка Јулиса. Мојот пријател Ектор ме прати по неа.

–          Тогаш, нека пријави оној што прв ќе ја најде, – додаде шармантно Капричо и продолжи по потрагата.

Саломон осана да стои на паркингот, смешкајки се.

–          Колку пријатна девојка, – помисли за себе.

 

Полна месечина, романтично езеро и мост, страсни бакнежи…Тристан уживаше љубејки ја саканата. Како да престана да постои времето илуѓето околу него во тој миг. Само таа беше важна.

Но, и покрај тоа што потклекна на моментите на страст, Јулиса беше свесна дека тоа што го прави е погрешно, па ги одвои усните од бакнежите на Тристан.

–          Не, ова не треба да се случува.

–          Зошто не, Јулиса?

–          Бидејки ние не сме заедно. Ти си со Дамијана Фуентес, а јас…

–          А ти си со Ектор Фалкон? Тоа сакаше да го кажеш?

–          Не, не е тоа што сакав да го кажам.

–          Оди, врати се кај твојот вереник, Јулиса. Престани да си играш со двајцата, – љубоморно и дофрли Трситан и замина, оставајки ја сама.

По кратко до Јулиса пријде нејзинаа пријателка Капричо.

–          Капричо?! Што бараш ти овде?

–          Цела вечер те барам, Јулиса, каде си?

–          Јас сум тука, но од каде ти тука?

–          Дојдов со некој што го познаваш.

–          Не ми вели…

–          Да! Дојдов како придружничка на Антолин Варгас!, – ликуваше девојката.

–          Не!

–          Да! Ајде да влеземе, ќе ти раскажам се…оној што замина беше Тристан?

 

Вадо пријде до Антолин Варгас, не симнувајки ја триумфалната насмевка од своето лице.

–          Ти честитам, Антолин. Ти честитам што успеа да донесеш девојка од локалот на Магдалена на мојата забава.

–          Не беше лесно, дон Вадо, – заклучи Антолин. – Но, Капричо се залепи за мене како мува на мед.

–          Одлично, момче. Олично! Следно што треба да направиш е да ја повредиш таа глупава девојка. Повреди ја онаму каде што најмногу ја боли за да може Магдалена да ја брани како лавица.

Дон Вадо задоволно се смееше. Таа вечер буквално се му одеше од рака. Пријде до Матакан и тивко му дошепна;

–          Побарај ја Магдалена Ромеро.

 

Послушниот пес Матакан веднаш се упати кон празната библиотека и на својот мобилен телефон го заврте бројот од Голондрина, пансионот на Магдалена.

–          Ало? Магдалена Ромеро? Се јавувам во име на дон Вадо. Дон Вадо има големо изненадување за вашата ќерка вечерва. Ќе ја прогласи веридбата на својот наследник Ектор Фалкон со вашата Јулиса. Од вечерва Јулиса ќе му биде жена на Ектор.

Откако го кажа своето, Матакан ја прекина линијата.

Магдалена ја спушти телефонската слушалка и седна на столицата во кујната.

–          О боже, кога Вадо ќе ја види мојата Јулиса, ќе сфати се! Ќе сфати која е, ќе сфати дека е копија на Росанхелика Рентеира. Ах, Богородице од Кармен, штити ја мојата ќерка…Заштити ја од тој ѓавол.

 

По кратко, Јулиса и Капричо се вратија назад во куќата. Цела вечер девојката се обидуваше да ја избегне средбата со кралот на златото, но знаеше дека мора кога тогаш да се соочи со него. Всушност, затоа и беше дојдена.

–          Јулиса, конечно, – Ектор се израдува кога ја здогледа.

–          Извини што се задржав, ми требаше малку свеж воздух.

–          Не е важно. Важно е дека си тука и дека можеме да уживаме во забавата. Дон Вадо умира да те запознае. Оваа фешта не ја организираше само за мене да ме претстави како нов управник на компанијата, туку и да те претстави тебе на кремот на Малинлко. Опушти се, тоа е само здравица. Нема потреба да бидеш нервозна.

Ектор ја зеде Јулиса под рака и се упати кон Вадо кој завртен со грб разговараше со Мистика.

–          Дон Вадо, ви ја претставувам најубавата жена која некогаш сум ја запознал…Јулиса.

–          Конечно ја имам таа чест…- се заврте дон Вадо, но кога ја здогледа девојката неговото лице пребледе. Зениците му се раширија од шок.

–          Росанхелика, – пелтечеше во транс.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!