Доаѓа “Дила” – приказна за љубовта и омразата
Вечерва, веднаш по “Малиот ага” на Сител телевизија започнува турската серија “Дила”. “Дила” е позната турска теленовела која постигна одлични резултати на гледаност како и во Турција, така и во земјите од екс Југославија. За време на нејзиното прикажување, беше најгледана странска серија во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Улогата на Дила ја толкува Хатиџе Шендил, Мис Турција за 2010 година, која на македонската публика и е позната како главната јунакиња Ѓулхајат од “Татко и синови”, а пак нејзин партнер во серијата е Еркан Петекаја, главниот актер од “Бурни времиња”, “Солзи на есента”, “Осудени за љубов” и “Белото памукче”. Серијата е базирана на истоимениот филм од 1977 година.
Содржина:
Семејството Баразоглу е моќно и богато семејство со беговска традиција, традиција родена во време кога беговите господареле со големите имоти и нивниот збор бил последен во цел регион. Шејит Бег е глава на тоа семејство, познат во целата околина по својата праведност и великодушност кон сите, од обичните селани до оние кои живееле на неговиот имот и кои ги издржувал. За возврат, добивал секогаш почит од сите. Сопругата му починала пред многу години, а од љубов и почит кон неа, никогаш не се преженил. Со неа имал два сина, постариот Исан и помладиот Азер. Азер не е задоволен од начинот на кој неговиот татко управува со имотите, па затоа решава да не учи факултет и да се погрижи за богатството и управувањето со големите пространства земја на нивното семејство. Истите амбиции за богатството ги има и Султан, сопругата на Азер.
За разлика од Азер, Исан решил да студира право во Истанбул и на факултет ја запознал убавата Дила. Дила имала тешко детство, израснала само со мајка во едно мало местенце. До факултетските денови не ја интересирале мажите, но љубовта со Исан била љубов на прв поглед. По две години, нивните семејства се согласиле за Дила и Исан да се венчаат. По венчавката, младиот пар се преселил на конакот на Баразоглу, но животот на Дила се менува кога нејзиниот сопруг е убиен од Риза, еден од синовите на семејството Карадагли. Во тој момент, таа се заколнува дека ќе ја одмазди смртта на саканиот и дека ќе го убие со свои раце убиецот на Исан. За да ја подготви својата одмазда, се сели на имотот на својот очув. Еден ден, таа се запознава со Риза Бег и двајцата се вљубуваат еден во друг. Риза не знае од чие семејство доаѓа Дила, а ниту таа знае дека тој е вистинскиот убиец на нејзиниот маж. Срцето на Дила повторно чука за новата љубов, се’ до оној момент кога вистината од минатото ќе излезе на виделина.
Улоги: Erkan Petekkaya, Hatice Şendil, Mahir Günşiray, Hülya Darcan, Necip Memili, Yonca Cevher, Emre Melemez
Освен на Сител телевизија, серијата започнува и на Алсат-М телевизија, каде ќе се емитува секој работен ден во 19:45 часот, наменета за албанската публика во Македонија.
Дани | ТВ Пакет