Ектор ја зеде Јулиса под рака и се упати кон Вадо кој завртен со грб разговараше со Мистика.
– Дон Вадо, ви ја претставувам најубавата жена која некогаш сум ја запознал…Јулиса.
– Конечно ја имам таа чест…- се заврте дон Вадо, но кога ја здогледа девојката неговото лице пребледе. Зениците му се раширија од шок.
– Росанхелика, – пелтечеше во транс.
Пред него стоеше Росанхелика, неговата сопруга, мајката на неговото единствено дете. Шокот беше преголем.
– Твојата коса…Твоите очи…твојот поглед…Како времето да не минало, Росанхелика.
– Дон Вадо, што ви е?, – исплашено извика Ектор кога го виде својот заштитник како се држи за срцето и паѓа на скалите. – Мистика, побарај ги неговите пилули! Матакан, повикај доктор!
– Господе, знае која сум, – исплашено размислуваше Јулиса.
– Росанхелика, – во бунило повторуваше Вадо додека го изнесуваа од салонот за прием. Тоа беше последното нешто на кое се сеќаваше пред да ја загуби свеста.
– Помош! Побарајте брза помош! Дон Вадо умира!, – на сиот глас викаше Мистика.
– Кажете нешто дон Вадо, не ми го правите ова, – повторуваше Ектор. – Немаме време да ја чекаме итната помош. Донеси ја колата, Матакан. Мораме итно да го однесеме во болница.
– Му реков да ги земе пилулите, – повторуваше Мистика како да се правдаше.
Магдалена не можеше да седи мирна по телефонскиот разговор со дон Вадо. Беше свесна дека тој ѓавол може да направи се. Повика такси и се упати кон вилата Ла Дорада со цел да ја спаси својата ќерка. Пристигна во вилата кога го изнесуваа дон Вадо. Во меѓувреме Јулиса бараше од Ектор да ја поведе со себе во болница.
– Ти никаде нема да одиш, Јулиса! , – се замеша Магдалена приоѓајки им.
– Мамо, од каде ти овде?
– Господ ја истерува својата правда со Вадо. Остави судбината да си го води својот пат. Каде е Капричо?
– Некаде…
– Ајде да ја најдеме и да си одиме одовде, ќерко.
– Кумо, од каде ти овде?, – изненадено праша Капричо кога излезе од вилата.
– Дојдов да ве соберам со Јулиса. Ајде да одиме.
За Ектор Фалкон се рушеше светот. Неговиот татко Вадо полека умираше. Се плашеше дека ќе го загуби пред да стигнат в болница.
– Побрзо, Матакан! Мораме што побрзо да сигнеме, – молеше Ектор.
– Рос Клара…, – Вадо не престануваше да блада на задното седиште од автомобилот.
– Издржете, дон Вадо, ве проколнувам, – го храбреше Ектор.
– Росанхелика…
– Која е Росанхелика?
– Имав дете, – неповрзано бладаше Вадо, борејки се со боллката во градите.
– За какво дете зборувате?, – го праша Ектор, но повторно не доби одговор. Дон Вадо повторно ја загуби свестта.
Кога стигнаа во болницата, ги пречека дежурниот лекар.
– Спасете го, докторе, ве молам! Полека го губи пулсот, не дозволувајте да умре!
Подготвениот тим на лекари набрзина го смести дон Вадо во количката и го одведоа на хирургија. Беше закажана итна операција на срце.
– Побрзајте!, – хирургот им наредуваше на лекарите. – Ако не го оперираме веднаш, ќе го загубиме…
Три часа подоцна, откако заврши операцијата, хирургот излезе од операционата сала. Во ходникот, доцна во ноќта фамилијата ги чекаше резултатите.
– Како е, докторе?, – праша Ектор веднаш штом го здогледа докторот.
– Не се осмелувам да дадам крајни прогнози. Сакам да ги ресумираме импресиите со останатите колеги.
– Немаме време за губење, докторе! Ако треба да се однесе во Хјустон за да го спасиме, кажете ми веднаш!
– Префрлањето и патот би биле кобни во овој час. Срцето му е слабо. Дон Вадо очигледно не се придржувал до инструкциите кои му ги давав изминативе години. Откако ќе се стабилизира, ќе мораме повторно да го оперираме и да му вградиме бај-пас.
– Кога?, – нетпреливо праша Ектор.
– Сеуште не знаеме. Во моментов ќе го префлрат на интензивна нега.
– Кажете ми ја вистината доктор Алварез. Дали има шанси да преживее?
– Не сакам да ве лажам. Во овие услови јас и мојот тим дадовме се што беше во наши раце. Се друго е божја волја.
Скршен од заморот и од сето она што го слушна, Ектор седна да се одмори и да ги почека упатствата на доктор Алварез кој со години ја водеше здравствената состојба на дон Вадо. Нервозно мина со раката во косата размислувајки за сето она што дон Вадо му го даде во текот на животот. Немаше мир а неизвесноста го убиваше. Му олесна кога го здогледа Саломон кога рано наутро дојде во болницата за да се распраша за здравјето на Вадо.
– Не разбирам, Саломон. Откако дон Вадо ја виде Јулиса, пребледе. Срцето не му издржа.
– Никогаш претходно ја немаше видено?
– Никогаш.
– Навистина чудно, – заклучи Саломон.
– Дон Вадо не смее да умре. Мора да се извлече. Тој човек ми е како татко, Саломон. Повеќе од човекот кој ме оставил мене и мојата фамилија а се нарекува татко. Се сеќавам дека кога бев мал со часови шетавме низ шумата и зборувавме за иднината. Имаше големи планови за мене. Ми велеше дека морам да бидам јак и да знам да се борам за да постигнам нешто. Ми велеше дека сум талентиран и интелигентен и дека морам тоа да го искористам. На тој човек му должам се што сум. Се што имам. А сега…сега гледам како умира, – Ектор не можеше да ги додржи солзите.
– Те разбирам, пријателе, смири се, – го тешеше Саломон.
Во тој миг во холот се појави д-р Алварез.
– Како е, докторе? Како е дон Вадо?