Од понеделник Телма ќе ја репризира “Премиерка”, емитувана на Сител
Веќе неколку дена на програмата на Телма не се емитува романската теленовела “Аниела”. Без никакво известување до гледачите, серијата е тргната од програмата, исто како што беше прекината и “Измамничка” пред неколку недели.
Па ако стана практика за Телма да укинува премиерни теленовели, стана практика и да репризира други серии и тоа по неколку пати. “Росела”, “Евита”, “Судијката од Седар Ков”, “Џо”, “Без граници” и други досега беа емитувани и по два три пати. Истото се случува и со “Пријатели”, досега емитувани на А1 и А2, а пак од понеделник во 21:15 часот започнуваат со прикажување на серијата “Влада”.
Всушност се работи за данската серија “Borgen”, емитувана на Сител минатата година под насловот “Премиерка”. “Borgen” e високо наградувана драмска серија која зборува за борбата околу политичката моќ и последиците кои ги трпат оние кои се вклучени во таа борба.
Дани | ТВ Пакет