41во продолжение
Откако Магдалена замина, Вадо почувствува силна тахикардија. За прв па почна сериозно да се плаши за својот живот. Кога во собата влезе Ектор, линијата на мониторот кој го емитираше срцебиењето, покажа права линија.
Ектор почна да довикува по сестрата. Наскоро две сестри и докторот дотрчаа во собата на пациентот. Со реанимација за нецела минута, Вадо се врати меѓу живите, на голео олеснување на Ектор.
– Операцијата е неодложна,- д-р Алварез го извести Ектор нешто подоцна во болничкиот хол. – Ќе му вградиме бај пас и ќе провлечеме кататер од едната артерија.
– Не сакам да го ризикувам животот на дон Вадо, докторе. Како што кажав и минатиот пат, само тим на најстручни интернационални доктори може да го оперираат.
– Ве уверувам дека секое чекање или преместување во друга клиника би било само трошење на вредно време, господине Фалкон.
– Во ред, во ред. Каде треба да се потпишам?, – праша Ектор плашејки се за животот на Вадо.
Дон Вадо се сомневаше дека ќе излезе жив од операционата сала, па пред операцијата го повика Ектор на разговор.
– Ако не преживеам, – започна дон Вадо. – Сакам да зборуваш со Мистика и од неа да ја побараш комбинацијата од сефот. Внатре има важни документи меѓу кои и мојот тестамент. Те назначувам како овластен за мојот тестамент по мојата смрт. Имам две барања од тебе, дете. Не им дозволувај на Ребеке и Дамијана да добијат било што што е мое и…Никогаш немој да се враќаш кај твојата фамилија. Води го моето царство. Во сефот е моето минато а во твоите раце е иднината.
По разговорот, дон Вадо беше внесен во операционата сала. Ова беше најтешкиот напад кој го имаше добиено и Ектор влезе во капелата на клиниката да се моли. Немаше волја да работи ниту да прави било што друго.
Во меѓувреме, во пансионот Ла Голондрина, Јулиса ја извести својата мајка и девојките дека Тристан ја запросил и дека наскоро ќе стапат во брак. По тој повод, Магдалена извади старо шише шери од креденоцот за сите да наздрават за блескавата иднина на младенците.
Три часа по операцијата, докор Алварез излезе исцрпен од операционата сала.
– Дон Вадо ја издржа операцијата, – ги извести присутните Ектор, Ребека, Дамијана и Антолин. – Но итно ни треба донатор на крв.
– Која крвна група ви е потреба?, – праша Ектор.
– Најретката. А негатив. Во случај, ќе го загубиме дон Вадо.
– Јас ја немам таа крвна група, – рече Ребека како да сакаше да се оправда пред присутните.
– Антолин, извести ги сите ТВ и радио станици дека итно е потребен дарител на А негатив крвна група, – Ектор побара од Антолин.
Антолин веднаш посегна по својот мобилен телефон и се упати кон автомобилот. Додека слегуваше по салите му заѕвоне телефонот. Беше Капричо. Немаше мир од таа девојка откако ја запозна, помисли превртувајки ги очите.
– Капричо, се брзам.
– Само сакав да те слушнам. Како си?
– Како што реков немам време. Дон Вадо е во лоша здравствена состојба и морам итно да најдам дарител на крвна група која му е потреба
– Која крвна група?, – праша Капричо од другата страна на линијата.
– А негатив.
– Знам некој кој ја има таа крвна група. Мојата пријателка Јулиса.
Антолин веднаш го извести Ектор дека нашол девојка со крвна група која што му беше потребна на дон Вадо. Ектор, го запали својот автомобил и итно се упати кон пансионот Ла Голондрина.
Магдалена ги завршуваше своите дневни обврски. Откако девојките се повлекоа по своите соби, пријде до телевизорот да ја гледа вечерната сапуница на која што беше навлечена.
Откако се смести удобно на каучот и го запали ТВ приемникот, среде сапуницата се вклучија итни вести каде што спикерот го спомна името на Еверардо Вадо Фалкон.
– Еверардо Вадо Фалкон, сопственикот на најголемот рудник за злато во Табаско, се наоѓа во тешка здравствена состојба во централната болница во Малиналко. Неговите блиски молат да најдат доброволец со ретката А негатив крвна група за да го спасат животот на магнатот…
– Значи Вадо е во лоша здравствена состојба, – мирно заклучи Магдалена. – И бараат дарител на крв…
Размислувањата на Магдалена ги прекина долгото тропање на вратата. Прашувајки се кој може да биде толку доцна, стана да отори кога како молња во куќата влезе Ектор.
– Доња Магдалена, морам итно да разговарам со вашата ќерка.
– Што се случува?, – праша Јулиса, слегувајки по скалите заедно со Кристела, вознемирена од силното тропање на вратата.
– Потребна ми е твојата помош, Јулиса, – Ектор немаше време ни да се поздрави. – Тој умира. Знам дека не те интересира, но тој човек ми беше како татко сите овие години…Капричо му кажала на Антолин дека имате иста крвна група со дон Вадо, Јулиса.
– Да не си помислила, Јулиса!, – бесно ја предупреди Магдалена.
– Знам дека за вас би било големо олеснување ако дон Вадо умре, госпоѓо Магдалена, но за мене тоа би било голема загуба. На тој човек му должам се што имам, се што сум. Ако Јулиса не појде веднаш со мене, дон Вадо ќе умре…
Јулиса беше распната помеѓу мислата што тој човек и направил на Магдалена, и што направил за Ектор кој молеше за помош.
– Ако дон Вадо преживее ќе ти бидам вечно благодарен, – ја убедуваше Ектор. – Никогаш повеќе нема да ти наштети ни тебе, ниту на твојата мајка.
– Во ред, ќе одам, – одлучно рече Јулиса па погледна во Магдалена и додаде; – Не сакам да ми се лутиш, мамо. Но, морам да го направам ова.
Јулиса посегна по капутот и за кратко го напушти пансионот со Ектор. Кристела ја прегрна Магдалена која во себе го колнеше Вадо Фалкон.
– Кумо, ти си толку добра кон сите, ослободи се од големата омраза кон тој човек.
– Не можам, Кристела! Поради тој човек останав јалова, ќерко.
– Јалова? Но како ја роди Јулиса…- збунета беше девојката.
– Тоа е мојата голема тајна, Кристела. Јас…Јас не сум и мајка на Јулиса, – низ солзи проговори Магдалена.
Додека Ектор возеше кон болницата, Јулиса го замоли да и го даде неговиот мобилен телефон за да го извести Тристан дека ќе биде во болница да донира крв за кралот на златото. Тристан полн со разбирање дека се работи за живот, и рече дека ќе дојде веднаш во болницата.
Во меѓувреме, се беше подготвено за донирањето на крв за дон Вадо. Јулиса помалку се плашеше од самата трансфузија па го замоли Тристан да биде цело време до неа.
По трансфузијата, Јулиса беше оставена сама во собата да дојде при себе. Цело тоа време, Ектор се молеше во болничката капела за здравјето на Дон Вадо.
– Никогаш во животот не сум те видел вака исплашен, – Ектор го слушна гласот на Тристан зад себе. – Дали би сторил нешто вакво и за нашата мајка?, – огорчено праша Тристан.
– Се што имам во живото му должам на дон Вадо. Ја сакам старата бидејки е родила и се жртвувала за нас, за мене…Но, дон Вадо ми е како татко, повеќе од чоекот кој не оставил на цедило како деца.
– Имаш право. Сакав да ти кажам нешто поврзано со Јулиса. Вечерва ја побарав за жена. Јулиса и јас ќе се венчаме.
Ваквата вест уште повеќе го замрзна Ектор. Немаше време да каже ништо бидејки во капелата влезе медицинската сестра известувајки го Ектор дека докторот бара да разговара со него.
– Трансфузијата на крв заврши успешно, – доктор Алварез го извести Ектор. – Дон Вадо без проблем ја прими крвта од девојката.
На Ектор му падна товар од срцето. По долго време се развлече насмевка на неговото лице.
– Ти благодарам, Јулиса, – пријде до неа и силно ја прегрна. – Го спаси животот на мојот татко.
Јулиса изморено се насмевна. Беше исцрпена, ненаспана и имаше вртоглавица.
– Нема на што. Љубов моја, врати ме дома, – го замоли Тристан кој стоеше на страна.
Тристан нежно ја зеде својата вереница под рака и ја изнесе од болничкиот хол.
Кога Тристан ја донесе Јулиса пред пансинонот, зората се раѓаше. Ја внесе во нејзината соба , ја смести на креветот и ја држеше за рака се додека не се увери дека заспала. Беше толку убава со црната коса распостелена по перницата. Наскоро и самиот тој го надвлада сонот па заспа држејки ја за рака.
Кога дон Вадо се разбуди по операцијата покрај својот болнички кревет го забележа својот миленик Ектор. Увствуваше студ и имаше силна болка во градите, но тоа беше сосема нормална реакција по завршеното дејство на анестезија.
– Како сте, дон Вадо?,- го праша Ектор низ насмевка.
– Жив сум…За чудо.
– Жив сте благодарение на бога и ангелот кој ве спаси. Јулиса Ромеро дареуваше крв за вас.
Додека нејзината мајка беше во болница, Дамијана го искористи просторот што е сама во вилата, решена да не остане на улица по смртта на својот вујко, ангажираше експерт за отварање на сефови. Во тој сеф се криеа важни документи и брда пари, знаеше Дамијана и одвај чекаше да дојде до истите.
– До сега требаше да го отворите, – нетрпеливо го брзаше човекот на кој му плати мало богатсвто за таа работа. – Рековте дека сте експерт за вакви работи?
– Уште малку, госпоѓице, имајте трпение…Уште малку и ќе ја пробијам шифрата. Смирете се. Еве…Готово!
Дамијана ликуваше. Шифрата од сефот беше пробиена.
– Дали дон Вадо ви нареди да го отворите сефот, госпоѓице Дамијана?, – ја праша Матакан, стоејки на вратата од библиотеката.