Во пресрет на првото live издание на „Х Фактор“ кое ќе се случи во недела и ќе се емитува на Сител телевизија, ве известуваме дека четвртиот водител на ова шоу ќе биде популарната Николина Пишек. Оваа сексипилна водителка нам позната по шоуто „Операција Триумф“ ќе биде одлично освежување на големата сцена.
Потсетуваме дека минатогодишната водителка на шоуто беше Ана Грубин, а двете заедно беа дел од незаборавната водителска четворка на музичкото шоу „Операција Триумф“ кое за жал никогаш не доживеа втора сезона.