По скорото заминување на дон Вадо од пансионот, Магдалена со растреперени раце запали свеќа пред кандилото на богородица онаа која секогаш ја чуваше од зло. Кога повторно се огласи ѕвоното од влезната врата, Магдалена потрча да отвори, надевајки се дека не се вратил Вадо.
Овој пат на прагот од куќата стоеше Ектор.
– Добар ден, доња Магдалена. Морам да зборувам со Јулиса, – рече Ектор кога влзе во куќата.
– Мојата ќерка не е дома, адвокату. Но, добро е што сте тука.
– За што станува збор доња Магдалена? Ми делувате загрижено.
– Енграсија Кало, една од девојките која живее во пансионот исчезната е пред две недели. Поточно, последно е видена онаа вечер кога имаше бал во вилата.
– Дали ја известивте полицијата?
– Секако, секако…Но, сеуште нема ни трага.
– Не берете гајле, доња Магдалена. Ќе видам што можам да сторам.
– И уште нешто. Што се однесува до мојата ќерка, Јулиса…Таа никогаш нема да ви припаша вам. Јулиса има само една љубов, Тристан Фуего, човекот за кого ќе се омажи.
Задоволна со тоа што му го кажа, Магдалена ја затвори вратата од пансионот.
Дон Вадо не можеше да остане уште долго врзан за постелата во својата соба. Две медицински сестри му беа доверени да го чуваат за време на домашното закрепнување, а апаратот за интензивна нега беше приклучен во неговата соба.
Вадо чувствуваше како тие четири ѕидови го задушуваат и својата нервоза ја искалушваше врз Мистика, која најчесто беше крај него.
Домарката го извести Ектор за желбата на дон Вадо да стане и да излезе од куќата. Ектор одлучи да разговара со него.
– Дон Вадо, Мистика ми кажа дека сакате да станете.
– Не можам повеќе да седам овде!
– Дон Вадо, одлично ја поднесовте операцијата, но доктор Алварез рече дека мора да мирувате најмалку…
– Што знае доктор Алварез?!
– Извинете, – на вратата се појави неговата сестра Ребека. – Слушнав гласови и…Дали е се во ред, Вадо?
– Ти си за се винона, проклета! Додека јас умирам, Дамијана и Матакан ги броеа моите часови. Знаеш ли што направи твојата ќерка, Ребека? Изнајмила човек, специјалист за отварање на сефови. Потоа и она куче Матакан се здружи со неа, со цел да дојдат до мојот тестамент.
Во меѓувреме, Ектор ја напушти собата бидејки мораше да се појави во канцеларија. Откако остана насамо со својата сестра, Вадо грубо ја зеде раката на Ребека и ја повлече кон себе.
– Матакан плати со својот живот што ме изневери. Следна е твојата ќерка.
– Што си му направил на Матакан?, – изненадено го праша Ребека.
– Почни да се молиш за својата ќерка. Дамијана е следна. Ќе ми плати што ја изневери мојата доверба.
Изненадена и загрижена, Ребека излезе од собата на својот брат. Знаеше дека Вадо секогаш ги исполнува своите закани.
По ручекот, Вадо и нареди на Мистика да ја доведе Дамијана во неговата соба, или со негови зборови, да ја довлече бесрамниччката. Неспокојната Ребека не смееше ни за момент да ја остави својата ќерка сама. Затоа и двете влегоа во собата на Вадо.
– Знам дека знаеш дека сакав да го отворам сефот, – покорно рече Дамијана.
– Мајка ти ти кажала, претпоставувам, – дон Вадо погледна бесно кон Ребека.
– Тоа е најмалку што можев да сторам за мојата ќерка, – се правдаше Ребека, но Дамијана ја прекина.
– Знам дека немав право да го отворам твојот сеф но ти никогаш не си ме разбирал. Ме исфрли од дома и од твојата фирма, ми ги затвори сите можности да се вработам било каде, ги фрли во вода сите години на труд и работа.
– Немој да мислиш дека ќе ме омекнеш со оваа покајание, – извика дон Вадо.
– Дозволи ми да ти објаснам, вујче. Подготвена сум да сторам се што сакаш само да ми простиш и д ме вратиш назад ќе ти служам како никој претходно. Ќе ти бидам верна и лојална.
– Постои еден начин, – по кратко молчење рече Вадо. – Клекни на колена и замоли за прошка, Дамијана!, – и нареди немилосрдно.
– Не ме понижувај, вујче, те молам.
– Реков на колена, Дамијана!
– Вадо, не!, – крикна Ребека. – Можам ли јас да го сторам тоа место неа?
– Ми рече дека се ќе направиш за мене. Затоа, исполни си го своето ветување, драга внучке. Во спротвно, ќе завршиш како Матакан, на дното на езерото во шумата, онаму каде што завршуваат оние кои ме предаваат. Клекни и заколни се дека ќе ползиш секој пат кога ќе го побарам тоа од тебе, дека верно ќе ги извршуваш сите мои наредби.
Дамијана покорно клекна на колена пред дон Вадо, кој ликуваше.
– Ќе сторам се што сакаш, вујче.
– Прво нешто што сакам е да ги разделиш Јулиса и Тристан Фуего!
Дамијана се појави на прагот од куќата на Тристан, а Саграрио ја извести дека син и сеуште не е вратен од рудникот. Дамијана ја замоли да го почека. Саграрио и дозволи на девојката да остане во куќата, но таа мораше да се врати назад во вилата на работа.
Дамијана влезе во собата на Тристан. Го отвори неговиот плакар, уживајки во аромата и допирот на неговите алишта. Допирајки ги неговите кошули на своја кожа, беше како да го чувствува неговиот допир, неговите прегратки…
– Од каде Вие овде, инжењерке?, – го слушна гласот на Тистан, кој како да ја пресече.
– Мајка ти ме пушти. Дојдов да ти честитам за веридбата со Јулиса.
– Благодарам, – скептично рече тој.
– Ајде да наздравиме во име на тоа, – додаде Дамијана и од чантата извади неотворено шише шампањ. –Ќе одам по чаши. Знам каде да ги најдам во кујната.
Дамијана излезе од собата со шишето во рака. Погледна зад себе, да не биде фатена, па во едната чаша истури прашок од капсула, пред да го стави пијалокот.
– За тебе и Јулиса. Да бидете среќни, – наздрави Дамијана кога се врати назад, подавајки му една чаша.
– Искрено се сомневам во вашите искрени намери, госпоѓице,- рече Тристан откако испи голтка од шампањот, па седна на каучот.
– Нема ништо неискрено во моите намери, – рече Дамијана, седнувајки до него. – Но сфатив дека никогаш нема да бидеш мој.
– Се надевам дека сте го сфатиле тоа, – рече Тристан чувствувајки вртоглавица, додека гласот му се губеше.
– Таблетите делуваат инстантно, – интригантно помисли Дамијана.
Откако Тристан ја загуби свеста, Дамијана почна да му ги слекува алиштата. Прво кошуата, па фармерките. Откако го остави да лежи само по долна облека, посегна по својот мобилен телефон и заврте еден број.
Нешто подоцна, Јулиса и Кристела се вратија од пазар во пансионот. Јулиса полна со еуфорја и зборуваше на својата пријателка колку е среќна поради веридбата со Тристан, но дека се моли мајка му да ја прифати како снаа. Само што влегоа во пансионот, заѕвоне телефонот.
– Сигурно е Тристан, – рече девојката со насмевка на лицето и ја подигна телефонската слушалка. Но скоро, исчезна намевката од нејзиното лице.
– Не е Тристан, драга, – го слушна зајадливиот и перверзен глас на Дамијана. – Ако сакаш да го видиш, дојди во неговата барака.
Јулиса пребледе и ја спушти слушаклата. Се плашеше од она што ја чека, но сепак веруваше во љубовта на Тристан.
За кратко се појави пред куќата. Вратата беше отворена. Ги затекна Тристан и Дамијана голи во неговата соба, помеѓу сатенските чаршафи на креветот. Не можеше да ги задржи солзите. Сите сни и мечти за заеднички живот, потонаа во еден дел од секунда.
Болка и бес. Горчина и пелин.
Дамијана ликуваше. Никогаш не можеше да и прости на Јулиса што и го превзема Ектор. Ова беше стапица и дел од одмаздата.