Нова емисија на Дискавери – секоја сабота во 19 часот
Уште еден серијал на Дискавери посветен на неговото височество-автомобил. Овојпат имаме можност да проследиме што стои позади најдобрите автомоболи од патиштата. Големи механичарски вештини, основни процеси, дизајни и цели тимови кои се посветени на тоа да произведат некои од најпосакуваните машини на четири тркала кои постојат на планетата.
Секоја епизода од “Суперпроизводство на суперавтомобили” е посветена само на еден автомобил, а меѓу нив ќе имаме можност да ги погледнеме Pagani Huayru, Dodge SRT Viper, Maserati Ghibli, Ford Mustang, Lamborghini Huracan, Aston Martin V-12 Vantage S, Bentley Continental GT V8 S и Porsche 918 Spyder.
Секој од овие автомобили има сопствена приказна, а позади цела таа приказна стои посветена екипа на автомобилски мајстори кои ги совладуваат препреките и размислуваат надвор од кутијата за да ги остварат сите фантазии на вљубениците на автомобили од целиот свет.
Првата епизода ќе се емитува вечерва, сабота, од 19 часот. Секоја наредна нова епизода може да ја проследите во истиот термин секоја сабота.
Дани | ТВ Пакет