И оваа година нема финале за Македонија
Македонија и оваа година не се пласираше во финалето за изборот на песна на Евровизија. Од 16 земји учеснички во првото полуфинале, не успеавме да се пласираме во првите десет кои одат во финалето.
Десетте финалисти од првата полуфиналната вечер што се пласираа во финалето се: Албанија, Ерменија, Русија, Романија, Унгарија, Грција, Естонија, Грузија, Србија и Белгија. Во четврток на МТВ 1 ќе биде емитувана втората полуфинална вечер, а во сабота е големото евровизиско финале.
Со тоа Даниел Кајмакоски влезе во низата на македонски учесници како Тијана, Некст Тајм, Влатко Илиевски, Тамара, Врчак и Гаџа, Ѓоко Таневски, кои не успеаа да и обезбедат пласман на Македонија во финалето на овој најпопуларен европски музички натпревар.
Македонските претставници кои имаат обезбедено пласман во финале се Тоше Проески, Каролина Гочева, Калиопи и Елена Ристеска.
Во продолжение погледнете го настапот на Кајмакоски на првата полуфинална вечер:
Дани | ТВ Пакет