Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #045 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #045 | ARDIENTE PASIÓN

45то продолжение

 

            Дамијана се врати назад во собата на својот вујко, извесувајки го дека неговото барање е исполенто. Дека успеала да ги раздели Тристан и Јулиса како што тој бараше.

–          Никогаш не се сомневав во твоите заводливи способности, Дамијана. Освен тоа, задачата и не ти беше толку тешка, со оглед на тоа дека ти се допаѓа рударот, – мирно заклучи дон Вадо. – Но, тоа не е се.

–          Што друго сакаш од мене?, – го праша својот вујко. Беше подготвена да стори се за да си го поштеди животот и да се врати назад во куќата и компанијата.

–          Сакам да останеш трудна од рударот, Дамијана. Сакам да родиш негово дете.

Дамијана послушно кимна со главата. Ни самата таа не беше помалку лукава од својот вујко. Сепак, крвта не беше вода. Свесна дека Тристан бесно ја истера од својата куќа колнејки се дека никогаш повеќе не сака да ја види, Дамијана одлучи да го заведе Ектор и да остане бремена од него, а Вадо да мисли дека детето е на Тристан Фуего.

Пеколниот план на Дамијана требаше само да биде изреализиран.

 

Кога таа приквечерина, Ектор се врати дома, се упати право во собата на Дон Вадо.

–          Како сте денес, дон Вадо?

–          Исто. Што има ново помеѓу тебе и Јулиса?

–          Ништо. Сношти ја напушти работата. Една од нејзините пријателки ми го достави нејзиното отказно решение без објаснување. Мислам дека се разделила со Тристан и дека Магдалена ја одвела од градот.

–          Мораш да пронајдеш каде се наоѓаат, Тристан! Мораш да ја најдеш Јулиса и да ја доведеш во оваа куќа. Еден ден, Јулиса ќе биде твоја жена и моја наследничка.

–          Не е така лесно, дон Вадо.

–          Ако си вљубен во неа како што велиш, тогаш ожени ја. Оди во пансионот. Некоја од тие девојки сигурно знае каде се Магдалена и Јулиса.

–          Бев. Девојките се во жалост. Една нивна пријателка е најдена мртва. Девојките мислат дека некој од нас е замешан во тоа убиство бидејки Енграсија Кало за последен пат е видена во оваа куќа онаа вечер на балот.

–          И ти повеќе им веруваш на тие лесни жени?, – прекорно и дрско праша дон Вадо.

–          Секако дека не. Но, чудни нешта се случуваат. И Матакан исезна без трага.

–          Матакан го истерав бидејки ме изневери. Мистика ги фатила заедно со Дамијана како се обидуваат да го отворат мојот сеф. Не ме гледај, така, мжеби сум многу нешта, но јас не сум убиец, Ектор! Да се вратиме на темата Јулиса. Искористи ја ситуацијата што не е со Тристан Фуего, како што велиш. Пиближи и се. Утеши ја поради смртта на таа девојка.

–          Не знам ни каде е…

–          Побарај ја. Јас ќе се погрижам за Магдалена. Сега откако бев толку близу до смртта мојата визија за животот се промени. Сакам да бидам со Магдалена Ромеро, сакам да направам да се вљуби во мене како некогаш, да ја запознае мојата друга страна, да ми верува. А ти направи се за да ја освоиш Јулиса. Најсреќен ќе бидам ако завршиш со таа девојка.

 

 

Уште истата вечер, Ектор замина во пансионот на Магдалена и дозна од Капричо дека Јулиса се наоѓа во Веракруз. Веќе следното утро, Ектор со службениот хелихиптер полета кон Веракруз. Беше решен да ја доведе Јулиса во вилата на дон Вадо.

Во меѓувреме, дон Вадо полека закрепнуваше. Беше убеден дека Јулиса е негова ќерка и дека Магдалена го лаже. Не постоеше другу рационално објаснување зошто девојката толку многу личи на Росанхелика.

 

 

Тристан како во бунило се сеќаваше на она од пред две вечери, но во едно беше сигурен, дека не бил интимен со Дамијана. Јулиса не беше во градот и чувствуваше немир и неспокој поради тоа. Мораше да ја најде и да и објасни што точно се случи со Дамијана. Се појави во пансионот Голондирна, но ниу една од девојките не сакаше да му каже каде е Јулиса. Се обиде да им објасни дека станува збор за недоразбирање и дека Јулиса е големата љубов на неговиот живот, но девојките беа цврсто решени да премолчат.  Освен Капричо. Малата палавка и дрдорка, убедена дека Тристан ја зборува вистината, му кажа дека Јулиса заедно со Магдалена се наоѓа во манастирот на мајка Крисанта во Веракруз.

Со првиот попладневен автобус, Тристан се упати кон Веракруз.

 

Беше доцна навечер, кога старата надозрничка на манастирот Санта Ана, слушна тропање на вратат од својата одаја. Една од сестрите ја извести дека мад човек сака да зборува со неа.

–          Добро вечер, пречесна мајко. Моето име е Тристан Фуего. Овде сум да ја видам Јулиса.

–          Знам се за тебе и твојот однос со Јулиса, синко. Јулиса ми кажа се. И верувај, ако се сретнете, ќе ја повредиш само повеќе, – внимателно го опомена мајката надзорничка.

–          Не знаете се, мајко. Ја знаете само верзијата на Јулиса. Двајцата бевме дел од една интрига да не разделат. Јас ја љубам Јулиса. Да небеше така, немаше да помина толкав пат само да ја видам.

–          Навистина си тврдоглав, момче. Јулиса не сака да те види. Не по тоа што го видела.

–          Јулиса замина без да ми дозволи да и објаснам што се случи.

–          Те видела со друга жена.

–          Јулиса ми е најважна во животот, мајко. Ве молам, дајте ми шанса да ме сослуша. Убедете ја да ме прими, да ме сослуша. Јас не си одам одовде пред да ја видам. Ако сакате да м исфрлите ќе морате да викнете полиција.

–          Боже, на кави искушенија ме ставаш, синко.

–          Дали верувате во чувства и љубов, мајко? Погледнете ме. Погледнете ме во очи. Мојаа љубов кон Јулиса е чиста и искрена.

Мајката надозрничка виде искреност во очите на Тристан, па малку по малку попушти пред неговите молби и инсистирања.

–          Само Јулиса може да одлучи дали сака да те види, – рече пред да излезе од манастирската одаја.

 

Со една свеќа во рацете, старата Крисанта речиси нечујно се движеше по ѕидините ходници. Тивко затропа на вратата од келијата на Јулиса.

–          Ќерко што си сторила? Шти си сторила со твојата убава, долга коса?

Мајката Надзорничка беше запрепастена од глетката. Долгите црни прамени коса лежеа на подот од келијата. Пред неа стоеше млада жена облечена во мантија, со скратена коса до раменици.

–          Морав да се променам, – одговори Јулиса со глас полн болка и страдање.

Повеќе не беше онаа Јулиса која ја познаваше мајка Крисанта. Личеше на млада калуѓерка, решена да го даде својот завет пред бога.

–          Дојдов да ти кажам дека те бара Тристан. Сака да зборува со тебе, ќерко.

Јуиса нагло изрипа, но мајката надзорничка ја зеде за рака.

–          Сослушај го. Не го уништувај својот и неговиот живот поради недоверба. Само ако го сослушаш ќе знаеш дали сакаш да продолжиш со оваа мисија да бидеш слугинка на бога.

–          Не сакам никогаш повеќе да го видам! Заминав од Малиналко со таа мисија, мајко. Јулиса која безрезервно го љубеше и му веруваше е мртва! Кажете му да си оди. Кажете му дека не сакам да го видам.

–          Сигурна си во тоа што го зборуваш, ќерко?

–          Требаше да се венчаме, – додаде Јулиса. – Но сега е готово. Нема враќање.

–          Ако не сакаш да му се вратиш, барем прости му. Не ја исполнувај душата со горчина.

 

Во меѓувреме, Тристан луташе по темните манастирски одаи. Се прашуваше дали ќе ја види Јулиса. Мораше да ја види, да и објасни дека се беше уште една интрига на Дамијана. Помина долго време и одлучи да ја следи светлината. Излезе во градината пред манастирот и забележа само еден прозорец со светлина. Тоа мораше да биде одајата на Јулиса, помсили и се упати.

–          Јулиса! Морам да зборувам со тебе!, – девојката го слушна гласот на Тристан од ходникот.

–          Не смеете да влегувате овде!, – го предупреди мајката надзорничка.

Потпрен на дрвената врата, Тристан продолжи да зборува.

–          Не смееме да се раделиме поради интриги. Љубов моја, те љубам повеќе од животот и дозволи ми да објаснам. Те љубам, Јулиса!

–          Оди си те молам. Остави ме на мир, Тристан!, – плачеше Јулиса.

–          Јулиса, се работи за интрига…

–          Не сакам повеќе да зборувам со тебе! Готово е! Крај! Повеќе не ме интересираш!, – беше одлучна младата жена. – Умре онаа Јулиса која ја познаваше. Ти ја уби!

Мајката Надзорничка заклучи дека Јулиса не сака да зборува со Тристан. Излезе од одајата на девојката и ја затвори вратата зад себе.

–          Ако не си одиш, ќе повикам полиција!

–          Морам да зборувам со Јулиса, мајко. Таа е жената на мојот живот.

–          Слушна дека Јулиса не сака да зборува со тебе. Освен тоа, забранетео е за мажи да бидат во овој дел од манастирот. Затоа, оди си те молам.

–          Што се случува овде? Што бараш ти тука?, – нивниот разговор го прекина Магдалена, која вознемирена од гласовите, излезе од својата одаја. – Тристан, зарем немаш ни грам срам?

–          Имам право на последна шанса, доња Магдалена. Знаете дека сум чесен и дека не лажам. Единствена жена која сум ја љубел во животот е Јулиса!

–          Кој ти кажа дека е тука?

–          Не е важно.

–          Секако дека е важно. Која од девојките ти кажа?

–          Не барај вина во девојките, Магдалена. Овде сум бидејки не можам да се носам со идејата дека ја губам.

–          Мене уште повеќе ме боли, бидејки ти верував, Тристан. Ти верував и сметав дека си чесен и вистински човек за мојата ќерка. Но, само ми докажа дека си полош од Ектор Фалкон, – бесно заклучи Макарија. – Овој разговор нема смисла повеќе. Оди си. Врати се во Малиналко! Заборави на Јулиса!

 

Откако Тристан замина без да ја види Јулиса, Макарија влезе во нејзината одаја.

–          Јас сум, ќерко, – рече нежно кога влезе.

Јулиса се заврте кон неа. Косата и беше собрана под марама, а на себе имаше долга, сива одора на калуѓерка.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!