Сања Ѓошевска сними нова песна „A thousand miles away“
Поп пеачката Сања Ѓошевска веќе добро позната на јавноста по двата големи хитови „Дежа ву“ и „Вртам нов лист“, некогаш дел од продукциската куќа AWARD Entertainment, после долг временски период, по враќањето од Њу Јорк, деновиве е повторно актуелна со нејзиниот нов сингл, кој засега имаме можност да го чуеме само на англиски јазик, а го носи насловот „A thousand miles away“.
Песната е авторско дело на Сања Ѓошевска (музика и текст) додека аранжманот и продукцијата му припаднаа на Роберт Билбилов. Во подготовка е снимањето на видео записот за кој ќе имаме можност да го видиме на почетокот од следниот месец.
Ivana T. | ТВ Пакет