Тимот на А2 телевизија од вечерва ќе почне да емитува програма, но само доколку Советот за радиодифузија на денешната седница не одлучи да им ја одземе дозволата.
Почетокот на новата програма е најавен за вечерва во 19 часот. Програмата ќе биде од информативен карактер, а поголемиот дел од тимот е составен од поранешни видни новинарски имиња на згаснатата А1 телевизија. Покрај најавените дебати и вести, се зборува дека ќе емитуваат и надсинхронизирани серии. За техничкиот дел ќе се погрижи тимот на А1, што значи веќе проверена екипа.
Chris | ТВ Пакет