Оние медиуми кои се основани од акционерски друштва, во рок од 7 дена ќе мораат да достават листа на имињата на акционерите, и нивните влогови. Советот за радиодифузија оваа одлука ја донесе денеска со цел да се утврди дали има конфликт на интереси во сопственичката стуктура, пренесе Алфа телебизија.
– Останува група од 4 трговски радиодифузни друштва, тоа се ТВ Телма, ТВ Алфа, ТВ Алфа Скопје и ТВ Ирис-Штип, каде што основачи се акционерски друштва, а СРД нема информации кој е акционер во тие акционерски друштва бидејќи може да се дојде до ситуација каде што акционерите вршат јавна функција и го прекршуваат член 11 – вели претседателот на СРД, Зоран Трајчевски, стоеше во извештајот на телевизијата.
На денешната седница се зборуваше и за судбината на А2 телевизија. Во петок ќе се одлучи дали ќе започне постапката за одземање на дозволата на А2. На средбата со стечајниот управник биле известени дека овој медиум во иднина ќе има големи проблеми да функционира како радиодифузно друштво, по негова сугестија пред да донесат одлука ќе се сретнат и со управителот и со одговорниот уредник на телевизијата.
– Ако денеска донесеме одлука, тече рокот за прилагодување од 7 дена. Ако во рек од 7 дена не се прилагодат на форматот, започнува постапката за одземање на лиценцата – вели членот на СРД, Столе Наумов, пренесе Алфа.
“Да го повикаме нивниот одговорен уредник, бидејќи иако ги имаат овие судски проблеми, нивните раководни органи и понатаму се валидни и функционираат и би сакал уште една констатација”- истакна Миљаим Фетаи.
“На овој начин морам да истакнам дека стануваме селективни. Ние 3 дозволи одземавме изминатите 3-4 недели, а сега кога доаѓа ред каде што имаме очигледен случај дека не се почитуваат законите. Ниту го повикавме управникот на Пинк, ниту на Џангл, ниту на Скај нет + перспектива”, рече Трајчевски, и напомена дека констатацијата за неприлагодување на програмата за форматот кој и е даден на А2 е врз база на мониторинг од подолг период и најавените средби со управителот и уредникот на телевизијата не можат да ја променат оваа констатација.
Martin M. | ТВ Пакет