Почетна / Телевизија / ААВМУ со опомена до Сител и Канал 5 за емитувани телешопинг спотови

ААВМУ со опомена до Сител и Канал 5 за емитувани телешопинг спотови

По добиено известување од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, за емитување незаконски аудиовизуелни комерцијални комуникации за додатоци во храна, спроведени се вонредни програмски надзори врз ТВ Канал 5 и ТВ Сител.

При надзорите е констатирано дека спротивно на ЗААВМУ, на 21, 22 и 23 февруари 2022 година, на програмата на ТВ Канал 5 и ТВ Сител се емитувани телешопинг спотови за производите „Бронфо протект – 500 мл.“ и „Диабетол форте-30 капсули“, на операторот со храна „Натура терапи“ ДООЕЛ Скопје, во кои лажно се претставуваат нивната природа и карактеристики, односно тие се невистинити и нечесни, со што ја заведуваат јавноста и се против интересите на потрошувачите.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!