Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги изврши програмски надзор врз програмите на националните Сител и Канал 5, чиј предмет е непочитување на член 53 ставови 5 и 17 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (забрана за лажно претставување производи и услуги и невистинити и нечесни аудиовизуелни комерцијални комуникации). При тоа беше констатирано следново и изречена јавна опомена до двете телевизии.
Овој месец, Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Сител и ТВ Канал 5 за да утврди дали радиодифузерите постапиле по Решенијата за преземање меркa јавна опомена.
При надзорот е констатирано дека ТВ Сител и ТВ Канал 5 и покрај мерката јавна опомена, на 21 и 26 април 2022 година продолжиле да емитуваат телешопинг спотови за производи од операторот со храна „Натура терапи“, во кои лажно се претставуваат природата и карактеристиките на производите, односно аудиовизуелните комерцијални комуникации се невистинити и нечесни, со што ја заведуваат јавноста и се против интересите на потрошувачите.
Дани | ТВ Пакет