Во саботата (29-ти октомври), ексклузивците на „Гранд“ продукција, Аца Лукас и Ристе Ристески одржаа заеднички настап во дискотеката „Палма“ во Швајцарија.
Имено, продолжува соработката помеѓу колегите од продукцијата „Гранд“. На инсистирање на Аца Лукас, при неговиот настап во дискотеката „Палма“ во Швајцарија му се придружи помладиот колега, Ристе Ристески, и заедно во еден глас со многубројната публика ги отпеаја најголемите хитови.
Ристески веќе неколку месеци престојува во Берн, Швајцарија поради ексклузивен музички ангажман кој го има таму, а јавноста пред неколку дена имаше можност да го види и неговиот прв настап во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ каде беше дочекан како вистинска ѕвезда од популарното жири.
| ТВ Пакет