Аца Лукас откри дека подготовките за концертот се во полн ек и најави незаборавна вечер полна со емоции, хитови и специјални изненадувања за публиката. Тој истакна дека Скопје за него има посебно место во срцето и дека секој негов настап во македонската престолнина е уникатен, благодарение на топлината и енергијата на македонската публика.
„Македонија е мој втор дом, а публиката во Скопје секогаш ми дава неверојатна енергија. Овој концерт нема да биде исклучок – ветувам дека ќе приредиме шоу за паметење.“ изјави Лукас.
Организаторите најавија дека сценографијата, звукот и осветлувањето ќе бидат на највисоко ниво, следејќи го светскиот стандард на продукција, а дополнителни детали за гостите и специјалните моменти ќе бидат откриени во следните денови.
Фановите на Аца Лукас веќе со нетрпение го очекуваат концертот, а организаторите апелираат сите заинтересирани да ги набават своите билети навреме поради големиот интерес.
Не пропуштајте ја оваа можност за незаборавно музичко доживување на 25 декември во арената „Борис Трајковски“.
Дани | ТВ Пакет