Почетна / МК Сцена / Aца Лукас : По Маракана, Пивофест ми е најголем настап досега

Aца Лукас : По Маракана, Пивофест ми е најголем настап досега

 

Незаборавна трета вечер на 14-тиот Пиво фестивал

 

 

Повеќе од стоилјадна публика се собра синоќа во Прилеп на третата вечер од „Пивофест2016“. Фестивалот на пивото и на скарата по 14. пат покажа зошто е најголемиот и најдобар од овој тип на Балканот.

Гужвата започна уште попладнето, веднаш по дождот, кој не ги поколеба гостите да дојдат што порано и да фатат место за очекуваниот спектакл. Народ дојде од секаде, а возилата беа паркирани едно до друго до самиот излез на градот.

 

 

Штандовите беа преполни, а по главната улица не можеше ни да се помине. Вчера постојано се точеше пиво, а се изедоа неколку тони скара.

Вечерта ја отвори Миле Кузмановски, а публиката подготвено ја очекуваше „Не кани ме“ за во еден глас да го натпеат дури и него.

 

 

Долго очекуваната Рада Манојловиќ, пак, ги оправда сите очекувања. Српската пејачка постојано беше меѓу публиката, играше и натправи одлична забава.

 

 

Кулминацијата на вечерта беше настапот на Аца Лукас. Балканската ѕвезда пееше и негови, но и песни од неговите омилени изведувачи. Публиката се радуваше на секој следен хит, но најмногу кога Лукас седна на тапаните и ја засвири „Јовано, Јованке“.

– Прилеп, морам да признам дека ова е неверојатно. Публико, секоја чест! Пеев на Маракана во Белград, но после него ова е најголемиот настап каде сум пеел. Одлично е! – рече тој.

 

 

Тој остана на сцената до два часот по полноќ, но забавата низ градот траеше до рано наутро.

Четвртиот фестивалски ден започна со традиционалната утринска чорба за камперите во Могилата на непобедените, која им ја послужи градоначалникот Марјан Ристески. Тој изјави дека е презадоволен што вечерта помина одлично, градот беше преполн, забавата одлична, но пред се – народот задоволен.

 

 

Вечерва прва на сцената ќе ја видиме српската дива Александра Радовиќ, за веднаш потоа атмосферата да се вжешти со маестралниот Дејан Петровиќ и оркестарот „Биг Бенд“. Публиката со нетрпение ги очекува „Парни ваљак“ со кои и ќе биде затворен овој 14. по ред „Пивофест“.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!