Продолжува адреналинската акција на опасните улици на Чикаго за уште поопасни игри на страв, неизвесност и драма.
Последните две епизоди од 4. сезона на “Чикаго ФД” ќе ги гледате во четврток (11. декември) и петок (12. декември), а веќе во понеделник после полноќ започнува премиерно петатта сезона на серијата.
Повторно во центарот на вниманието се вашите драги пожарникари и болничари кои работат во противпожарната служба во Чикаго. Кога смртта ќе им погледне во очи, за овие херои на “Чикаго ФД” (Chicago fire) ќе следува нова беспоштедна битка за живот и спас на невините жртви од пламените јазици.
По смртта на пожарникарот Ендрју, лојалноста на членовите на тимот беше поделена меѓу Метју и Кели, кои меѓусебно се обвинуваа за смртта на долгогодишниот пријател и колега.
Првичното ривалство и обвинувања на Метју и Кели мораа да се надминат кога е во прашање безбедноста на нивните колеги и целиот оддел, а покрај нив, во екипата ги запознавме и пожарникарите Питер Милс, Кристофер, Вејли, како и болничарките Лесли и Габи.
Сите тие, заедно, мораа и ќе мораат и понатака секојдневно да се соочуваат со непредвидливи ситуации, во кои целта е само една – да се спасат цивилите од неочекуваните несреќи и пожари. Под водство на шефот Волас Боден, овие храбри луѓе ја плаќаат цената на ризикот, затоа што хуманоста за нив е пред сѐ друго.
Улоги : Jesse Spencer, Taylor Kinney, Monica Raymund, Lauren German, Charlie Barnett, David Eigenberg, Teri Reeves и др.
Дани | ТВ Пакет