Самото име „12 зборови“ значи код или шифра за потврда за паричник што содржи криптовалути, а серијата ги прати животите на луѓето вклучени во брутални криминални дејствија, фокусирајќи се на внатрешните борби на ликовите и нивните односи.
Младиот адвокат со проблематично минато, Милош Ивановиќ, се вработил во канцеларијата на познат белградски адвокат. Тој станува бранител во судски процес против мафијашкиот бос, чија империја е потресена.
За време на студиите по право, Милош западнал во неволја и поради тоа не добил лиценца за адвокатура, односно запишување во именикот на Адвокатската комора.
Поради „црната точка“ во биографијата, Милош со години живеел на социјалната маргина, меѓутоа, адвокатот Томислав Грубор му ја отвора вратата на големата, позната адвокатска канцеларија која го брани Жарко Чечерина – водач на криминална организација.
Во отсуство на други можности, кога сите сметки им се блокирани, Чечерина одлучува да продолжи да работи преку криптовалути. Соочен со лична криза и структури на моќ, Милош ќе мора да избере помеѓу лојалност и правда …
Еден од водечките женски ликови е Даница Влаховиќ. Нејзиниот сопруг Немања Влаховиќ, сметководител и финансиски советник на Жарко Чечерина, бил принуден да побегне во Србија. Дел од заплетот следи како Даница, која остана сама со децата во Црна Гора, решава нови проблеми и се обидува да му помогне на својот сопруг во невоља.
Виктор Савиќ, Тихомир Станиќ, Ивана Вуковиќ, Марија Бергам, Милош Пејовиќ, Мирсад Тука во репризата на српската серија “12 зборови” – на Телма, од 25 август во 20.30 часот.
Дани | ТВ Пакет