Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Агнеса: Јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето

Агнеса: Јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето

Во претпоследното издание на „Нешто конкретно” тема беше озборувањето. Кој како и зошто озборува? Дали тоа го прават сите, но не признаваат? Постојат ли личности на кои што им годи да ги озборуваат и дали е вистина дека може дури и да се заработи ако некој те озборува?

Сите одговори тимот на емисијата ги добив од нивните  гости Нора Шаќири Марковиќ, Агнеса Органџиева, фотографот Дарио Јанковиќ и адвокатот Тале Арсов.

Ако претходно најозборувани беа јавните личности, денеска со можностите што ги нудат социјалните мрежи сите се на некој начин на тапет, а со самото „рекламирање” на животниот стил што го живеат луѓето, автоматски материјалот за да бидат озборувани е поголем.

Нора сподели дека еден од нашите новинари ја направил поранешна девојка на Здравко Чолиќ, а трачот станал толку голем што стигнал до Србија, па Нора лично му се претставила на пејачот и се пошегувала со него дека таа е неговата бивша. Но не сите трачеви можат да бидат прифатени како шега, кога ќе почне да се споменува фамилија, деца тогаш работите стануваат посериозни, а колку често нашите сограѓани тргнуваат правно да ги решат ваквите проблеми ни раскажа адвокатот Тале Арсов.

Од друга страна, Агнеса не се потресува многу кога ја озборуваат – „јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето, а ништо не правам”, истакна таа и додаде дека за неа можат што сакаат да зборуваат, но децата не смеат да и ги стават во уста.

Фотографот Дарио Јанковиќ за првпат во нашата емисија зборуваше за политичарот кој што за него зборувал дека е геј – „немам ништо против таа популација, но не сакам за мене да се зборува така, не сум имал потреба да се правдам и да се докажувам дека не сум геј, но ми смета за мене да зборуваат така”, искрено говореше Јанковиќ.

„Ако на оговарачите оговарањето им е храна, ќе ги нахраниме… и ручек и доручек и вечера”, се пошегува Агнеса.

Целото издание од емисијата е веќе достапно на YouTube.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!