„Шифра: Џеронимо“ е акционен филм за американската специјална елитна единица на воената морнарица која го убила Осама Бин Ладен во неговото засолниште во Пакистан во 2011 година.
Филмот ги следи припадниците на единицата Фоки Тим Шест преку нивната обука која кулминира со ноќниот ненадеен напад на оградениот комплекс на Бин Ладен. На почеток, тие не знаат дека нивна цел е најбараниот човек на светот.
Кога се дознава, филмот ги прикажува силните емоции на некои поединци во моментот кога сфаќаваат дека имаат прилика да го елиминираат најомразениот непријател на САД и да се осветат за нападите од 11.септември.
Кам Гиганде, Џени Габриел, Ансон Маунт, Фреди Родригез во филм на Џон Стоквел, овој вторник, 19 декември 2023 година на првиот канал на МТВ во 21.00 часот.
Дани | ТВ Пакет