Трендот на преработки на популарни серии како култните Charmed, Dinasty, Beverly Hills 90210, Melrose place, Hawaii Five-0 ја вклучува и новата серија на Сител, инаку римејк на познат процедурал од 90-тите.
Недостаток на добри идеи или силна носталгија за времето во кое се создадени, на ред дојде и детективската приказна за познатиот холивудски приватен истражител Магнум.
Главниот јунак во верзијата за 21 век не носи мустаќи, но според денешните стандарди е подеднакво секси. Го следевме на каналот на Фокс, а сега и на телевизија Сител, од понеделник до петок во 00.30 часот.
Поранешен член на американската морнарска единица “Нејви” се враќа дома од Авганистан и ги користи своите воени вештини за да стане приватен детектив на Хаваите, каде ќе решава предизвикувачки случаи со помош на своите колеги.
По полицајците и пожарникарите од Чикаго, следува подеднакво добра и релаксирачка авантура во ноќниот добропознат термин на Сител.
Дани | ТВ Пакет