петок (15. ноември), МТВ 1, 22.55 часот – “Љубов и изнуда”
Дјук е воен ветеран од Ирак, кој по враќањето од војска извесно време минува во затвор. Ситуацијата додатно се усложнува кога тој, случајно и не по своја вина, ќе се најде на местото на примопредавање на дрога.
Размената завршува со пукање, а парите завршуваат во негови раце. Крис Ешворт, Дон Бетл, Кристијан Слејтер, Џош Бери во акциониот трилер од 2008. година.
недела (17. ноември), МТВ 1, 20.55 часот – “Марија Антоанета”
Кирстен Данст, Џејсон Шварцмен, Џуди Дејвис во костимирано-биографската драма за кралицата Марија Антоанета и интригите на дворот во Версај.
Приказната започнува кога 14 годишната австриска принцеза Марија Антоанета ја одделуваат од семејството и пријателите и без никаков имот ја испраќаат од Виена во Франција. Сето ова е дел од подготовките за договорениот брак со Дофин Луј, во интерес на одржување на односите помеѓу двете земји. Светот на скандали, интриги и сплетки станува нејзино секодневие, како и бракот со човекот, кон кого е сѐ порамнодушна.
Дани | ТВ Пакет