Почетна / Филм / Акциониот трилер „Ронин“ во петочниот вечерен термин на МРТ 1

Акциониот трилер „Ронин“ во петочниот вечерен термин на МРТ 1

Во средновековна Јапонија, самураите се заколнале дека ќе го заштитат својот господар дури и по цена на нивниот живот. Меѓутоа, ако нивниот господар би умрел, тие би ја изгубиле честа и повеќе нема да се нарекуваат самураи, туку би станале „ронин“. Тие би го продолжиле својот живот како платеници или бандити. Слична ситуација постоела и со тајните агенти по Студената војна.

Шест странци: експерти за муниција, надзор и тајни операции, се среќаваат во трошен магацин во срцето на Париз. Нив ги собра Дејдре (Наташа Меккелон) и задачата е да украдат куфер од криминалците. Меѓу другите, тимот ги вклучува Сем (Роберт Де Ниро), поранешен агент на ЦИА, Винсент (Жан Рено), поранешен агент на Интерпол, Грегор (Стелан Скарсгард), експерт за електроника од Германија и Спенс (Шон Бин), експерт за оружје од Британија.

Никој не им кажа кој ги вработува, ниту го објасни вистинскиот идентитет на целта. По престрелката на Сена, акцијата се движи кон југот на Франција, а потерата ги носи сè до Ница. Заедно, тие ќе мора да го преговараат својот пат низ лавиринтот на политичка саботажа и конфузија за да ја остварат задачата…

Наташа Меккелон, Роберт Де Ниро, Жан Рено, Стелан Скарсгард во “Ронин”, премиерно на МРТ 1 во петок, 14 март во 21 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драми од Турција, Парагвај и акции од Канада за викенд на Телма

Филмотека на Телма за престојниот викенд 7, 8 и 9 март. Викендот започнува со турска …

error: Содржината е заштитена!