Почетна / Серии / „Александар од Југославија“, нова мини историска серија на Нова С

„Александар од Југославија“, нова мини историска серија на Нова С

“Александар од Југославија” е српска телевизиска серија снимена оваа година година, а по режија и сценарио на Здравко Шотра, работена според истоимениот роман на Вук Драшковиќ.

Серијата опфаќа историски период од 1918 до 1934 година, односно од создавањето на Кралството СХС, кое ќе стане Југославија во 1929 година, до 1934 година, кога е и атентатот на кралот Александар во Марсеј.

Главните улоги им припаднаа на Љубомир Булајиќ како крал Александар Први Каражорчевиќ и Тамара Алексиќ како кралица Марија Карашорчевиќ, додека другите улоги ги играат Ирфан Менсур, Петар Стругар, Бранислав Лешиќ, Жарко Лаушевиќ, Воја Брајовиќ, Никола Кожој, Горан Шојоќ, Горан Нада Маканковиќ, Наташа Нинковиќ, Нела Михаиловиќ, Даница Максимовиќ, Аница Добра, Јелица Сретеновиќ и други.

Сите епизоди од серијата се достапни од 12 март 2021 година на платформата ЕОН. Пред-премиерата на серијата е планирана од 12 март секој петок во 10:00 часот на порталот nova.rs, додека премиерата на серијата е закажана за 15 март 2021 година на каналот Нова С, кој македoнските гледачи го следат преку кабелските оператори.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!