Македонскиот автор Александар Прокопиев е еден од почесните гости на 14. Саем на книгата и фестивал на автори „Врисак”, што од 1-24 септември се одржува во Риека (Хрватска).
Во книжарите, но и во различни простори низ градот ќе се продаваат со голем саемски попуст книгите на хрватските и домашни издавачи.
Средишниот, фестивалски дел ќе се одржи од 12-19 септември во прекрасната Гувернерова палата, каде на посебни вечери ќе бидат претставени регионалните автори Семезездрин Мехмединовиќ, Огњен Спахиќ, Драган Великиќ и други, а меѓу нив нашиот Прокопиев.
Инаку, ова е второ учество на Прокопиев на меѓународниот фестивал „Врисак”. Рецепцијата на неговите преведени книги и текстови во Хрватска, особено во последната деценија, е сè поголема и станува исклучително квалитетна.
Дани | ТВ Пакет