Александар Тарабунов периодов е навистина активен. Покрај викенд настапите и музичката кариера која одлично ја тера, работи и како втор тенор при Македонската опера и балет, но знае и често да се пофали на Инстаграм со вкусни специјалитети приготвени токму од неговите вешти раце.
Колегите од порталот Мегафон го прашаа Тарабунов кое е неговото омилено јадење, а тој искрено им призна:
– Немам едно омилено јадење, имам повеќе. Од македонската кујна се ми се допаѓа, освен боранија, тоа ми е уште од мал невкусно, италијанска кујна, а обожавам морска храна…
Преземено од Мегафон.