Почетна / МК Сцена / Ален Хасановиќ ја сними својата втора авторска песна

Ален Хасановиќ ја сними својата втора авторска песна

 

Македонскиот претставник на Гранд со нова песна

 

Харизматичното момче кое со својот глас го освои регионот, во екот на својата популарност вредно работи на својата нова песна која би требало да се промовира со видеозапис некаде околу средината на месец мај.

 

 

Во студиото „Ер“ во Прилеп, Ален Хасановиќ ја сними својата нова песна чиј комплетен автор е токму тој. Новата песна е оригинално снимена на српски јазик и го носи насловот „Продала си љубав“, но во текот на летото ќе добие и своја македонска верзија.

Песната својата промоција ќе ја има наредниот месец заедно со видеозапис во режија на Зати продукција од Охрид, со која пејачот подолго време соработува.

Како потсетување, Ален Хасановиќ својата прва авторска песна ја промовираше минатото лето (15 јули 2014) во кафулето „Скопје Кафе“ кое се наоѓа на Плоштад Македонија во Скопје.

 

 

Инаку, минатиот викенд се емитуваше првата емисија од четвртиот круг на „Ѕвездите на Гранд“, а Ален со својата уникатна изведба на македонскиот хит „Кога тргнав Цвето“ си обезбеди билет за следниот круг на натпреварувањето. Ален Хасановиќ е македонскиот фаворит за финалето од ова регионално шоу на балканска музика.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!