Наскоро на телевизија Алфа започнува нова руска хумористична серија. По “Кујна”, “Гранд” и “Иванови”, ова е четвртиот руски ситком кој ќе се емитува на македонските телевизии.
Што се случува кога една девојка со поприлично вишок на килограми, ја губи самодовербата? Нејзиното момче ја остава на свадбата, а таа е решена по секоја цена да му докаже нему, но и на себе дека може да ослабе. Затоа решава да вежба, но за тоа треба пари. А нашата Асија ги нема. Па, затоа на памет ѝ паѓа една одлична идеја – да се вработи како фитнес инструктор и така да вежба бесплатно.
Згодите и незгодите во фитнес центарот, следете ги наскоро на ТВ Алфа. Оставете ги слатките и фатете се за теговите!
Дани | ТВ Пакет