ТВ Пакет ексклузивно открива дека руската хумористична серија “Фитнес” продолжува со емитување. Но не на телевизија Алфа.
Оваа година, гледачите на МТМ и другите регионални телевизии ќе имаат единствена можност да уживаат и да се насмеат со згодите и незгодите во еден фитнес центар.
Што се случува кога една девојка со поприлично вишок на килограми, ја губи самодовербата? Нејзиното момче ја остава на свадбата, а таа е решена по секоја цена да му докаже нему, но и на себе дека може да ослабе.
Затоа решава да вежба, но за тоа треба пари. А нашата Асија ги нема. Па, затоа на памет ѝ паѓа една одлична идеја – да се вработи како фитнес инструктор и така да вежба бесплатно.
Oваа година очекувајте ја “Фитнес” на локалните, затоа што телевизија Алфа ја укина и се ориентираше кон емитување на повторно надсинхронизирани репризи на турски серии.
Дани | ТВ Пакет