На местото на репризираната “Аси”, Алфа телевизија продолжува со прикажување на турскиот спектакл “Величествениот” која своевремено се емитуваше со голем успех на Канал 5 телевизија.
Гледачите ќе имаат можност секој работен ден во 16 часот да ги следат продолженијата од безвременската приказна за големиот владател султан Сулејман и неприкосновената Хурем Султан, која беше прекината летото на Алфа.
Патот на робинката до тронот и сите интриги и завери со кои ќе се соочи во грандиозниот харем на султанот е главното сиже на серијата која стана една од најпродаваните и најпопуларни на сите времиња.
Од понеделник до петок во 16.00 часот на Алфа – “Величествениот” со титл. Во недостиг на премиерни содржини, оваа телевизија продолжува со репризи на популарни серии кои своевремено менаџерските тимови на А1, Сител и Канал 5 ги купиле и успеале да профитираат од нив.
Дани | ТВ Пакет