Веќе втора година по ред, српската емисија “Стројник” во која се бараат жени за српски мажи се емитува во континуитет на Алфа од 19 до 21 часот. Два часа две години, истата емисија. Ако веќе се емитуваа премиерни изданија на оваа српска риалити емисија, сега одат репризи на веќе прикажани епизоди.
И не само таа емисија. Од 21 до 22 часот репризи на многупати досега репризираните емисии на “ДНК Анализа”, српска емисија која на оваа фреквенција премиерно одеше пред десетина години.
Дали една национална телевизија треба на гледачите во ударни термини да им понуди репризи? Дали гледачите на Алфа ќе имаат можност да видат нешто ново и премиерно наместо многупати веќе прикажани содржини? До кога ќе трае ова ?
| ТВ Пакет