Почетна / Сапуници / Алфа со уште една реприза на турска серија давана пред 13 години

Алфа со уште една реприза на турска серија давана пред 13 години

Додека приватните национални телевизии Сител, Канал 5, Телма и Алсат наголемо се подготвуваат за новата телевизиска сезона со нови и премиерни содржини, за Алфа како времето да се враќа назад. Овојпат се враќа и повеќе од една деценија наназад.

Наместо нешто ново и свежо да понуди за своите гледачи, Алфа повторно ќе рециклира турска серија, емитувана 2010 година на телевизија Сител. Класично китење со туѓи перја.

Ги изрепризира феномените на А1 – Шехерезад и Кога лисјата паѓаат за потоа да продолжи со успешницата Величествениот, прикажувана на Канал 5 и Аси на Сител. Ја најавуваа и Неправда, прикажувана на Канал 5, но серијата никогаш не го виде светлото на денот на Алфа.

А сега па следува “Плачот на виолината”, трагична турска серија прикажувана во прајмтајм на Сител.

Зошто оваа телевизија не успева да понуди премиерна странска програма за своите гледачи? Зошто повторно воскреснува веќе прикажни тв програми? До кога гледачите ќе бидат приморани да следат репризи дали било на турски серии, американски филмови и српски емисии на оваа фреквенција?

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!