Доколку мислите дека македонските телевизии емитуваат најмногу турски серии, сте се прелажале. Во Македонија, водечка телевизија по број на часови емитувана турска програма е дефинитивно Алсат телевизија. Тие емитуваат три премиерни турски серии и тоа во 17.45 часот, во 19.45 часот и во 20.45 часот, а истите три серии имаат и по две репризни изданија во текот на ноќта и денот.
Покрај овие премиерни серии, Алсат репризира и веќе емитувана турска серија “Ќерките на Фазилет” во 23.30 часот, со уште една реприза наредниот ден околу ручек.
Не заостануваат ни останатите албански телевизии во Македонија со емитување на турски серии, како што се Шења и ТВ 21. Турски серии емитуваат и локалните телевизии со програма на албански јазик.
Воопшто, албанските телевиии и во Албанија и во Косово емитуваат рекорден број часови турски серии во текот на денот. Вообичаено е во текот на денот во Албанија и Косово да се емитуваат и по десетина турски серии од најнова продукција.
Дани | ТВ Пакет