Од понеделник до петок во 17 часот на кабловскиот FOX канал се емитува американската процедурал серија “Коски”, каде главните улоги им припаѓаат на Емили Дешанел (Темперанс Бренан) и Дејвид Бореанз (Сили Бут).
Серијата го прати професионалниот и приватниот живот на д-р. Бренан, форензички антрополог кој целиот свој живот го поминала во лабараторија, проучувајќи скелети од археолошки ископувања. Таа е неверојатно силна, интелегентна, стабилна и остра жена чиј јазик ги пресекува дијалозите на половина со само една изустена реченица.
Дејствијата се случуваат во лабараторијата на ‘извесниот’ Џеферсониан Институт во Вашинготн кој е припоен со ФБИ, иако неретко главните личности излегуваат на терен во многутте американски држави. Во еден момент на нејината кариера, таа ќе му биде препорачана на специјалниот агент Бут, во разрешувањето на убиствата од кои не останало ништо друго на теренот, освен нивниот скелет. Така ќе го добие и својот прекар ‘Боунс’ (Коски).
“Коски” е популарна криминална серија, каде во центарот на дејствието се ставаат археологијата и форензичката антропологија од една страна, во спрега со науката, човечкото тело и умот на криминалците, од другата страна.
Во секоја епизода има доста реално прикажани жртви, кои најчесто се пронаоѓаат во многу лоша состојба. Анализата на телата кои ги вршат во Институтот честопати се малку непријатни за гледање и дефинитивно нема да им се допаднат на оние кои не сакаат да гледаат многу крв или друг вид на човечки остатоци…
Но, ако ви се допаѓаат криминални предизвици и непредвидливи ситуации, како и невообичаена љубовна приказна – оваа серија е совршена за вас.
Дани | ТВ Пакет