И додека Македонија трета година по ред нема да учествува на главната Евровизија во Базел, Швајцарија во 2025, претставена е песната која ќе нè претставува на јуниорската Евровизија во Мадрид, Шпанија.
Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски ja претставија нивната песна ‘Маратон“.
Маратон“ е компонирана од Лазар Цветковски, со текст на Магдалена Цветковска. Тие ја напишаа и „Fire“, македонската песна за детската Евровизија во 2019 година.
Официјалното музичко видео беше премиерно прикажано за време на вестите во 17:30 што се емитуваше на МРТ 1. Песната потоа стана достапна на дигиталните платформи и на Youtube. Спотот МРТ го снимаше на различни локации низ Скопје.
Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски беа избрани да ја претставуваат Македонија на Јуниорската Евровизија 2024 во Мадрид по аудицијата во студиото на МРТ.
Додека на детската Евровизија, МРТ редовно се натпреварува, соседните земји се откажаа од ова натпреварување и решија своите буџети да ги насочат кон главната Евровизија која има 10 пати поголема гледаност од јуниорската Евровизија.
Дани | ТВ Пакет