Почетна / Филм / „Анадолски леопард“, „Чичко“ и „Безгрешен“ се наградени на „Киненова“

„Анадолски леопард“, „Чичко“ и „Безгрешен“ се наградени на „Киненова“

Филмовите „Анадолски леопард“ на Емре Кајис, „Чичко“ на режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ и „Безгрешен“ на Моника Стан се наградени на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“.Жирито синоќа на свеченост организирана во Кинотека на Македонија ги соопшти добитниците. Посочија дека имале можност да погледнат 15 прекрасни кратки филмови и исклучителни осум долгометражни филмови и дека успеале да дојдат до консензус.

Главната награда ја доби филмот „Анадолиски леопард“ на режисерот Емре Кајис, кој прикажува еден поинаков свет, свет на пропуштени можности. Наградата за најголемо уметничко достигнување ја доделивме на филмот „Чичко“ на режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ, која се одлучивме да ја доделиме заради навистина исклучителното уметничко достигнување во еден уникатен и конзистентен аудио-визуелен свет. Наградата за најдобар режисер ја доби романската режисерка Моника Стан за филмот „Безгрешен“, која симпатично ја долови емоцијата во филмот, соопштија членовите на жирито.

Специјалната награда во категоријата кратки филмови ја доби филмот „Обичната Ели“ на режисерката Лавинија Софрониевска, а жирито одлучи да награди уште два филма во категоријата кратки филмови – „Нов Вавилон“ на режисерот Гидеон Ван Дер Стелт и „Три зрна сол“ на Ингрид Чикуи.

Наградите кои годинава ги додели МФФ Киненова се дело на Димитар Филиповски, македонски скулптор, автор на поголем број на скулптури низ земјава.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!