Почетна / Филм / „The fault in our stars“ – трогателна приказна за двајца млади

„The fault in our stars“ – трогателна приказна за двајца млади

Hazel Grace Lancaster: But, Gus, my love, I cannot tell you how thankful I am for our little infinity. I wouldn’t trade it for the world. You gave me a forever within the numbered days, and I’m grateful.

Филм кој раскажува љубовна приказна од романот на Џон Грин. Младиот американски режисер, Џош Буне, (Stuck in Love, 2012) се потпишува позади оваа неконвенционална приказна за љубовта на двајца млади чијаштко кревка љубов пркоси на смртта.
Во фокусот на приказната е Хејзел (Shailene Woodley), тинејџерка која се наоѓа на тенката линија помеѓу животот и смртта.  По инсистирање на родителите, таа решава да се приклучи во група која нуди поддршка за млади кои се заболени од рак.

Во таа група Хејзел неочекувано ја наоѓа љубовта на својот живот. Гас (Ansel Elgort) е ведар осумнаесетгодишник, поранешен кошаркар, но ракот го има одвоено од паркетот.  Двајцата млади откриваат дека имаат многу сличности (освен болеста), извонредна смисла за хумор, храброст да се соочат со судбината, колку и да изгледа сурово и безнадежно. Низ интензивното дружење поминуваат низ прекрани заеднички моменти, а притоа воспоставувајќи длабока емотивна врска.

Филмот може да се окарактеризира со суптилна режија која емотивно го обоила секој сегмент од филмот, во секој кадар можеме да ги забележиме и двата лика кои се спонтани, природни, некогаш ведри и насмеани,  а понекогаш тажни и депресивни. Не бараат сожалување, туку само сакаат да го преживеат денот, додека добрите вибрации и позитивната енергија како и по некој збор за поддршка за нив е вистинска душевна храна.

Нема сомнеж дека станува збор за квалитетен филм кој мора да го погледнат не само љубителите на драма туку сите оние кои себе се сметаат за филмофили. Само да не заборавиме да се спомене, однапред да си припремите марамчиња бидејќи несомнено ќе ви бидат потребни.

Повеќе за рецензијата на овој филм, може да прочитате на блогот Филмска анализа.

| ТВ Пакет и Филмска анализа

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!