Почетна / Живот / Апел за помош за лекување на велешкиот познат ракометар Шопов

Апел за помош за лекување на велешкиот познат ракометар Шопов

Ракометарот Тони Шопов, велешката ракометна легенда по многуте изиграни натпревари во неговата кариера, како во нашата земја така и во странство, последниве 3 години го игра најважниот натпревар за него. Тони боледува од Descendenten colon (Adenocarcinoma colonis). Првата операција ја имаше во 2017год. на дел од дебелото црево, пропратена со Илеус. По операцијата следеа осум циклуси на хемотерапија.

Во 2019год. во втората операција Ретропиротонеална лимфаденектомија му беше отстранет левиот уретер и бубрег. По оперативниот зафат,  повторно беа потребни циклуси на хемотерапија. По 3 месеци за понатамошно лекување е препратен во Турција на радиотерапија со специјални SBRT зраци кое досега беше успешно, но дојдено е до рецидив на болеста поради што лекувањето мора да продолжи во Турција со 12 циклуси на хемотерапија во комбинација со SBRT зраци. За жал ваква терапија не е достапна во нашата држава. За досегашното лекување, оперативно и постоперативно, потрошени се 35.000€. ИТНО е потребно да продолжи лекувањето во Турција кое чини 20.000€.

Семејството не е во  можност да ги покрие трошоците и затоа ТВ ПАКЕТ се вклучува во масовната хуманитарна акција – ЗА СПАС НА ТОНИ!

Линк од Фејсбук Fundraiser: https://www.facebook.com/donate/1275998199442497/
Линк од Go Fund me Fundraiser:  https://gf.me/u/y4cfjc

Драги сограѓани, пријатели, познаници и добри луѓе… Да ја покажеме хуманоста на дело! Секогаш е време да се направи добро дело! ЗА СПАС НА ТОНИ!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

error: Содржината е заштитена!