Почетна / Забава / Ара Маликиан во Скопје – концерт во „Македонска филхармонија”

Ара Маликиан во Скопје – концерт во „Македонска филхармонија”

На 18-ти октомври во Скопје, со почеток од 21 часот, на сцената во „Македонска филхармонија” ќе настапи еден од најуникатните и најизразени виолинисти на неговата генерација, светски познатиот Ара Маликиан.

Уметничкиот стил на свирење на виолина, неговото богато музичко искуство, како и иновативниот пристап, станаа посебен бренд на светската музичка сцена.

Концертот на Ара Маликиан во „Македонска филхармонија”, ќе ја одведе публиката низ различни музички стилови, бидејќи Ара во својот репертоар освен неговите, вклучува и дела од широк спектар на музичари, почнувајќи од Дејвид Боуви, Јохан Себастијан Бах, па се до Лед Цепелин и Николо Паганини.

Харизматичната личност и феноменалната енергија, му донесоа безброј награди, правејќи го неверојатно баран музичар. Во текот на својата кариера имал концерти во сите држави во светот, свој концерт одржал и на стадионот Сантјаго Бернабеу, а настапувал со повеќе од 40 светски познати уметници и ансамбли, меѓу кои Стинг, Лондонскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар од Цирих, Московски виртуози, симфонискиот оркестар на Токио и други.

Ара Маликиан е познат либански виолинист кој својата кариера како музичар ја започнал на многу млада возраст, во средината на либанската граѓанска војна. Често знае да каже дека нашол засолниште преку својата виолина и токму тоа му помогнало да избега од ужасите на војната. Сега на возраст од 50 години, тој го оформи својот пат како виртуоз, кој успеа да ги спои своите корени од Блискиот Исток со разни други жанрови, од фламенко и самба, па се до класичен рок.

Вели дека ако имаш добра приказна, тогаш треба да се раскаже. Живеел како номад долг период од својот живот. На 14 годишна возраст морал да го напушти родното место поради војна, а веќе следната година добил стипендија за студии во Германија, извесен период живеел во Англија и Франција, за кончено да се пресели во Шпанија кон крајот на 1998 година.

Покрај овој магичен опис, Маликиан сака да се поврзе со својата публика. Знае да каже дека она што денес го прави, не е ниту за телевизиите, ниту пак за менаџерите. Тоа е за публиката, која не бара совршенство, туку да слуша композиција која звучи исто како што звучела пред 300 години. Затоа што публиката сака да биде трогната.

А македонската публика со сигурност ќе биде трогната на 18-ти октомври, кога на сцената во „Македонска филхармонија” ќе застане виртуозот на виолина Ара Маликиан.

Концертот на Ара Маликиан во Скопје ќе биде еден и единствен кој нема да има реприза, затоа побрзајте!

Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба, а истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК травел во Бисер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

error: Содржината е заштитена!